03 Мај, 2024
0.0332

Меси доби покачување, ќе зема плата од 16 милиони евра годишно!

Објавено во: Стил 19 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Меси доби покачување на платата. Раководството на фудбалскиот клуб Барселона денеска соопшти дека на некои истакнати играчи им биле зголемени платите, меѓу кои е и најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси.

Како што објавија шпанските медиуми, Меси според новиот договор, ќе заработува 16 милиони евра годишно, со што ќе биде втор најплатен фудбалер на светот.

Аргентинецот според висината на плататазаостанува зад поранешниот соиграч, Камерунецот Самјуел Ето, на кого рускиот милијардер Сулејман Керимов за играњето во Анжи му плаќа неверојатни 20 милиони евра за секоја сезона.

Фудбалскиот клуб Барселона, освен на Меси, платите им ги зголеми и на Карлос Пујол и Чави Ернандес.