МЕШАНИ БРАКОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: Со кого Македонците најчесто одат пред матичар?
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2018 07:33
Македонците најчесто склучуваат мешани бракови со
припадниците на српската заедница, и ова може да се забележи од податоците на
Државниот завод за статистика за 2017 година.
Лани 69 Македонки стапиле во брак со Срби, а 83 невести од српска националност се омажиле за Македонци.
„Јас и мојот сопруг се запознавме во Хрватска. Мене не ми е толку важна културата или кој од каде е, јас сум со отворени сваќања, но се случи љубов. Не се сложувам дека браковите се чести помеѓу Македонци и Срби заради сличностите кои ги имаат овие народи“- вели Милена Христовска, Србинка која е мажена во Куманово.
Кога станува збор за мешани бракови, веднаш зад Србите по бројност се Албанците.
Голем број Македонци се женат со Албанки од соседна Албанија. На вакви бракови најчесто се решаваат мажите од руралните средини. Во бројки, минатата година 57 жени Албанки се омажиле за Македонци, а 23 Македонки за Албанци.
„Кај нас има во селото има неколку Албанки кои се дојдени пред две години. Има и мешани бракови со луѓе од други националности“ – вели жител на селото Мартолци, кое се наоѓа во Општина Чашка.
Од друга страна во истиот период 9 Турчинки се омажиле за Македонци, а 25 Македонки се венчале со Турци.
Податоците покажуваат дека 7 Влаинки се омажиле за Македонци, додека двојно повеќе Македонки се омажиле за Власи.
„Иако немам точни бројки, сепак во Крушево и порано и ден денес има бракови меѓу Македонци и Власи“- вели жителка на овој град.
12 Бошњачки лани се омажиле за Македонци и исто толку Македонки за Бошњаци.
Има 8 регистрирани бракови меѓу младоженец Македонец и Ромка, и исто толку помеѓу Ром и Македонка, покажуваат статистиките.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




