06 Декември, 2025
0.0312

МЕРКО ЗА ФАКТОР: Никој нема ништо против литијата, но неодржувањето дистанца е грешка на полицијата и организаторите

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2020 07:05

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, во изјава за Фктор вели дека според него, литијата во Струга која се одржа без внимавање на социјална дистанца меѓу граѓаните, е грешка на власта и на организаторите.

Тој нагласува дека литијата што се одржа вчера во Струга е настан кој се одржува традиционално секоја година, и никој нема ништо против тоа.

„Литијата се одржува секоја година и никој нема ништо против тоа, бидејќи тоа е традиционален настан. Но, во вакви услови на корона криза и постоење на препораки за заштита, да не се држи социјална дистанца меѓу граѓаните и да не се носат маски, а и со оглед на фактот што Струга беше град со доста голем број заразени од вирусот КОВИД-19, сметам дека непочитувањето на ове мерки било грешка и на централната власт, и на организаторите“, вели Мерко за Фактор.

Тој вели дека како градоначалник нема што да преземе во овој случај, бидејќи локалната власт не е гтаа што казнува.

„Ние како локални власти немаме ингеренции во такви случаеви да казнуваме. Си има полиција, која вели дека дала дозвола за настанаот, но сигурно не за тој да се спроведе на таков начин. Сега таа треба да преземе мерки“, вели Мерко.

Струшкиот градоначалник објаснува дека во општината настанот не бил пријавен и не се барала дозвола, бидејќи тоа не е ни потребно да се најави во општината.

„Не беше кај нас пријавен настанот, а нема ни потреба. Такви настани се пријавуваат во Министерството за внатрешни работи“, објаснува Мерко.

За масовниот верски собир во Струга, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера вечерта рече дека настанот очигледно не бил добро организиран и дека денеска ќе спроведат истрага.

„За литијата во Струга во текот на утрешниот ден ќе постапиме согласно полициските процедури, да видиме кои се пропустите што се направени од страна на полициските службеници во Струга и во СВР Охрид. Имавме вакви случаи во Сингелиќ и Гевгелија, не е прв случај, генерално граѓаните ги почитуваат мерките, но се работи за важен верски настан којшто не е добро организиран очигледно. Како МВР ќе извршиме препознавање и доколку е неопходно ќе биде санкинирано“, изјави Чулев.

Како министер смета дека прво граѓаните треба да се предупредуваат, а доколку повторно не ги почитуваат мерките и го повторат делото – тогаш да се казнуваат.

„Кажав дека и на Влада и на социјалните мрежи на медиумите, во моментот главен таргет сум им јас и притисокот е безкруполозно да ги казнуваме граѓаните за ограничување на движењето и за сите други мерки. Мојот принцп е да ги предупредуваме граѓаните а ако го повторуваат делото тогаш да применеме репресивни мерки. Моментот е особено тежок за граѓаните тие се под голем психолошки притисок, економска криза. Високите казни кои им би се дале дополнително би го оштетиле нивниот буџет и би влијаело негативно  врз благосостојбата на нивните семејства. Затоа се залагав покрај репресивната компонента да има превентивна компонента“, изјави Чулев.

Се огласи и Свештенството при храмот Св. Георгиј, организатор на традиционалната  литија. Тоа соопшти дека Црквата неколку дена претходно и пред самиот настан гласно повикала на придржување на мерките дадени од државните власти и потенцира дека нема никаков простор за обвинување.

Апелираат до политичките партии и сите општествени чинители да не ги користат активностите на Црквата за наведување на граѓаните да не ги почитуваат мерките, а до оние кои се декларираат како верници, да бидат внимателни, одговорни и послушни на црковното началство, бидејќи, потенцираат, со самоволието се предизвикуваат само несакани и неблагословени нешта.

„Бидејќи на социјалните мрежи и на одредени интернет гласила се појавија обвинувачки текстови во врска со традиционалната Струшка Еордија – Литија со моштите и чудотворната икона на Свети Георгиј Победоносец, сметаме дека е потребно да дадеме мислење од името на клирот на МПЦ-ОА. Со цел да не згасне оваа древна културна манифестација во Струга, која, патем, е дел од значајното културно наследство на Македонија, заштитено со закон, а во исто време да се испочитуваат и профилактичките мерки донесени од страна на Владата, во соопштението од Црквата по повод овој настан, објавено на 4 мај, и проследено од страна на голем број медиуми, беше сосема јасно укажано дека верниците треба да се придржуваат на превентивните мерки на државните и здравствените власти“, стои во соопштението.

Исто така, дополнуваат, надлежниот епархиски митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски, во својата јавна проповед пред почетокот на литијата  јасно нагласи:

„Сега ќе продолжиме со предвидената Литија, но, како што знаете, поради ограничувања од страна на државните и здравствените организации или институции, не е дозволено да се групираме во голем број на народ, затоа ќе дозволите Литијата да ја направиме со помал број на луѓе, односно со оние кое се предвидени во смисла на Литијата што треба да се организира, а другите ќе ги замолиме да останат тука и да почекаат…“

Освен тоа, укажува свештенството во соопштението, во насока на почитување на мерките на заштита и превенција, богослужбата беше отслужена надвор, односно во дворот на струшкиот храм, наместо во неговата внатрешност.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија