13 Мај, 2024
0.0261

Меркел: Европа ја држи судбината во свои раце

Објавено во: Свет 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги отфрли обвинувањата за валутни манипулации од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи ги останатите земји членки на Европската унија (ЕУ), дека иднината на 28-члениот блок е во нивните раце, соопштува CNBC.

Коментарите на новиот претседател на САД против ЕУ се прилично сериозни, опишувајќи ја како "„инструмент на Германија“, фалејќи го Brexit и критикувајќи ја бегалската и монетарна политика на блокот.

Канцеларот Ангела Меркел изјави пред телевизијата дека „Европа ја држи судбината во свои раце“и треба да се фокусира на себе.

„Верувам дека колку појасни сме во дефинирање на улогата во светот, толку подобро можеме да управуваме со трансатлантските односи“, рече Меркел пред средбата на лидерите на ЕУ во Малта.

„Затоа разговорот за Европа, а не за други делови на светот, е на прво место во програмата за мене“.

Таа не даде дополнителни коментари за новата администрација на САД, велејчи дека оваа тема не е дел од програмата на средбата.

Европските лидери се собираат денеска во Малта, за да разговараат неформално за иднината на Европа по излегувањето на Велика Британија од блокот, како и миграциската политика.

Ова е прва средба на ЕУ, откако Трамп е инаугуриран и првата, откако тој отворено критикуваше некои европски лидери.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави за CNBC дека „има простор за толкување“ на некои од коментарите на претседателот.

Претходно оваа недела Трамп ја обвини Германија дека манипулира со еврото.

„Понекогаш останувам со впечаток дека новата администрација не ја познава во детали Европската унија, но деталите околу Европа имаат значење“ изјави тој за новинарите.

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени