14 Декември, 2025
0.0533

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

Објавено во: Економија 25 Април, 2025 13:41

Добивај вести на Viber

 Министерството за енергетика се надева дека Предлог на законот за енергетика во наредните месеци ќе биде усвоен на пленарна седница во Собранието, со што ќе можат да започнат неколку клучни реформи во енергетскиот сектор. Во самото обемно законско решение, на денешниот брифинг со новинарите, беше кажано дека изрично нема да може да биде понуден на продажба операторот на системот за пренос на електрична енергија МЕПСО.
Акционерското друштво во државна сопственост ќе му припадне на Министерството за енергетика и во предлог-законот има посебни одредби кои нема да дозволат да биде продаден операторот на заинтересирано приватно лице. Пред две години беше лиферувана информација дека грчкиот електропреносен систем сака да купи дел од МЕПСО, но тогашната власт ја демантираше гласината.

 Министерката за енергетика, Сања Божиновска, меѓудругото,рече со овој закон, операторот на електродистрибутивната мрежа ќе мора наместо постоечките да инсталира смарт броила за потрошувачите на електрична енергија и тиа да можат да бидат со далечинско отчитување. Оваа мерка ќе треба за седум години да опфати 80 отсто од потрошувачите.

Законот ќе овозможи и регулација на батериските системи за складирање на вишоците на електрична енергија, нешто што досега не беше возмножно затоа што не постоеја прописи за тоа. Производството во пиковите од страна на големиот број на фотоцентрали што се градат и што веќе се изградија во изминатиот период, одреден дел од денот ќе може да се складираат во батерии.

- Со овој закон е пропишано задолжително обновување на мрежата на МЕПСО во наредните години, бидејќи сега таа е застарена, а исто така ќе се знае кои од потенцијалните инвеститори во обновливи извори на енергија ќе може да побара приклучок. Тоа ќе се прави плански од година за година, а не како сега. Има прелиминарни барања за приклучоци за инвестиција од вкупно 10.000 мегавати, ама голем дел од тие инвеститори немаат купено уште ниту земјиште и им го држи редот на тие што се сериозни во намерите, рече Божиновска на средбата со медиумите.
Министерката додаде дека ќе биде и регулирано кој се кај ранливите категории на граѓани ќе може да добива државни субвенции за плаќање на сметките за електрична енергија. Во моментов има над 50.000 ранливи потрошувачи кои ја добиваат оваа парична помош.

Собраниска Комисија за европски прашања на средината од овој месец го разгледа и едногласно прифати Предлог на законот за енергетика во прво читање. Комисијата со 11 гласа „за“, без против и воздржани, предлог законот го проследи на понатамошно читање. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји