17 Декември, 2025
0.0678

МЕПСО испорачал фактури од 55 милиони евра, снабдувачи трошеле огромни суми од системските резерви

Објавено во: Економија 19 Август, 2022 07:40

Добивај вести на Viber

Операторот на електропреносниот систем МЕПСО конечно во годишниот извештај за работата во 2021 ги објави сумите од фактурите кои ги испорачал годинава до снабдувачите со електричната енергија кои лани направија големи отстапувања кога настапи енергетската криза. Овие фирми наместо да купуваат скапа електрична енергија навреме, количините кои им недостигаа ги надополнуваа од резервите на МЕПСО кои се наменети за балансирање на електроенергетскиот систем. 

Во претходните години немало ваков феномен на јавно објавување на сметките за долгови кон МЕПСО поради отстапувања.

Инаку, Регулаторната комисија започна постапка за одземање на лиценците на домашните снабдувачи У-Повер и Мист Енерџи, а на тапет стави и неколку други компании кои добија предупредување.

На У-Повер му е испорачана фактура од 433.540.558 денари, или 7,1 милиони евра. За Мист Енерџи сметката е 96.867.490 денари, или 1,58 милиони евра. Но ако се види во фактурите, поголеми отстапувања направиле и други снабдувачи. ЕДС направил долг од 102.117.415 денари, додека бугарскиот Соларпро Холдинг се задолжил кај МЕПСО со 52.587.509 денари.

Косовскиот Футуре Енерџи Трејдинг направил отстапувања од 298.624.967 денари, или безмалку 5 милиони евра. Словенечкиот Енергија гас енд Пауер направил минус од 149.896.030, или речиси 2,5 милиони евра. И двете компании најголемите отстапувања ги имале во последните месеци од годината - октомври, ноември и декември.

Државните електрани АД ЕСМ направиле отстапување од 1.957.022.391 денари, или околу 32 милиони евра, а најголемиот дел го направил во месец октомври. Самиот МЕПСО бележи отстапување од 163.319.911 денари, а тука е и ЕВН Хоме со 157.741.506 денари.

Трговците значителен дел од електричната енергија за своите клиенти ја обезбедиле од системските резерви, односно ја обезбедиле како балансна енергија, а за тоа МЕПСО им фактурирал вкупно околу 3,3 милијарди денари, или 55 милиони евра.

Не е наведено колку од овие испорачани сметки за долгови се исплатени, а МЕПСО претходно на неколку пати нагласи дека ќе се наплатат ако треба и со извршители.

Вкупно претставени се билансите на 22 енергетски компании, но некои од нив имаат значително помали отстапувања.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија