29 Април, 2024
0.0265

Мелничарите против мерката за условен откуп на пченица за време на жетвата

Објавено во: Агробизнис 25 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Мелничарите бараат оваа година да не се воведува мерката за условен откуп на пченица додека трае жетвата зашто тогаш берзанската цена е најниска. Како што беше речено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, нивниот опстанок во земјава е доведен во прашање поради диспаритетот меѓу домашното и увезеното брашно. „Настанатиот дисбаланс на пазарот со пченица и брашно, поради кои повеќето млинари веќе не работат, дополнително ја комплицираат контролите на граничните премини кои дозволиле увоз на брашно со сомнителен квалитет“ истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.  Според него, во магацините моментно има 30.000 тони пченица откупени по просечна цена од 15,06 денари, што е практично нерентабилно за производство на брашно. Минатата година во Македонија се увезени 120.000 тони пченица, што е 40 отсто повеќе во однос на 2011, како и 45.000 тони брашно, што е исто така енормно повеќе. Според Ристовски, иако досега се реализирани две средби со надлежните институции во врска со барањето на мелничарите, повратен одговор се уште нема. Преработувачите сметаат дека за надминување на состојбата е неопходно да се засилат контролите на квалитетот при увозот на брашно и да се воведат маркички за евидентирање и подобрување на пазарот со брашно. Од вкупно 41 регистриран млин во Македонија повеќето се затворени, а од 131 трговец, 81 е увозник на брашно.    

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?