Меланија блескаше на инаугурацијата, а потоа се појави Иванка и на сите им паднаа вилиците ФОТО/ВИДЕО
Објавено во: Стил 21 Јануари, 2025 09:41
И покрај тоа што инаугурацијата на 47-от американски претседател заврши, јавноста на социјалните мрежи продолжува да ги коментира модните избори на членовите на семејството Трамп.
За потсетување, Доналд Трамп вчера положи заклетва и стана 47-ми претседател на САД.
Десетици илјади луѓе од сите делови на Америка и светот дојдоа во Вашингтон да ја следат оваа церемонија.

По церемонијата на полагање заклетва, се одржа гала бал, на кој Доналд Трамп и Меланија Трамп го изведоа својот прв танц како претседател и прва дама на САД.
Меланија за оваа пригода облече интересен бел фустан со црни детали од американскиот дизајнер Харви Пјер.
Креацијата беше специјално скроена за првата дама на САД и за овој важен ден, а интересно е што истата дизајнерка направи фустан и за Меланија Трамп во 2017 година, кога нејзиниот сопруг Доналд Трамп првпат стана претседател на САД.
Меланија го комплетираше изгледот со црна огрлица, брановидна коса и минимална шминка.

И тогаш се појави Иванка Трамп
Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп, набрзо се приклучи на подиумот, а нејзиниот прв танц партнер беше нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.
Како што можете да видите, таа облече бел фустан со воз на модната куќа „GIVENCHY“, а со својот гламурозен аутфит и оддаде почит на познатата модна икона Одри Хепберн.
Изгледот го комплетираше со едноставна пунџа, бисер ланче и обетки, но и блескава насмевка.

Фото: EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL
EPA-EFE/MAASNI SRIVASTAVA
Можеби ќе ве интересира
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се
Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“




