15 Декември, 2025
0.5635

МЕКА ЗА СТРАНЦИ: Maла земја со високи плати ги мами Германците, но и Македонците

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2020 06:51

Добивај вести на Viber

Луксембург е земја во Европа која има најголем број на странски работници. Ова е дестинација каде се вработиле и дел македонски граѓани, но на печалба во Луксембург одат и Германци.

Дека Луксембург е лидер по бројот на странски работници, може да се забележи од податоците кои ги објави Евростат.  49,4 отсто од работниците во Луксембург се од други земји. Во услужниот сектор 48,1 отсто од вработените им се од други земји, а во индустријата повеќе од половина, односно 61,9 отсто.

Aко се погледнат податоците за минимални плати, во Луксембург во јули 2019 година таа изнесувала 2.000 евра, додека во 2009 година била нешто под 1.750 евра, објави Евростат.

„Над 100.000 луѓе што живеат во Франција и над 50.000 од Германија и Белгија доаѓаат да работат секој ден. Минималната плата е 2.150 евра бруто, ама од овој месец ке биде покачен индексот за околу 60 евра. За живот е добро, ама е потешко за поединци што се дојдени на печалба, затоа што е тешко да се најде стан поевтин од 1.000 евра. Знам две – три семејства од Македонија кои работат овде, а претпоставувам дека бројката на Македонци кои работат во Луксембург е околу 200“, вели прилепчанец кој веќе 6 години е во Луксембург.

Луксембург по висината на платите е пред Ирска, Холандија, Белгија и Германија и овој тренд трае со години.  Просечната плата во 2018 година изнесувала нешто повеќе од 4.300 евра.

„Ме прашувале луѓе за работа во Луксембург, но за таму не посредувам, туку претежно за Германија. Македонците сакаат да избегаат, и мислам дека 70 отсто да имаат шанса, би отишле каде било, Канада, Америка. Но, генерално ја бираат Европа затоа што е блиску. Што се однесува за Луксембург, таму во последните години заминуваат младите Германци. Не е тоа иселување масовно како кај нас, но сепак постои“, раскажува Борче Стојанов, посредник за работа во странство од Истокот.

Луксембург има само 600.000 жители, но со БДП по глава на жител од околу 110.000 долари, е најбогатата земја во Европската унија и една од најбогатите во светот.

До 60-тите години, основната економија на Луксембург било производството на челик. Но, последните децении биле направени големи чекори за структурата на економијата да се промени, така што денес Луксембург е еден од водечките финансиски центри во светот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден