15 Октомври, 2024
0.0494

Меѓународните банкарски групи одржуваат силна позиција на Западен Балкан и покрај геополитичките предизвици, но заострувањето на условите за снабдување зема данок

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

·  Меѓународните банкарски групи одржуваат силна посветеност и изложеност кон Централна, Источна и Југоисточна Европа, при што 73 % го задржале, а 18 % го зголемиле нивното ниво на изложеност во последните шест месеци.

·  И покрај војната во Украина, банкарските групи што работат во Западен Балкан остануваат оптимисти за регионот, а од нив 45 % планираат селективно да ги прошират своите операции или да го задржат истото ниво на работење на долг рок

·  Побарувачката за кредити од клиентите на банките остана отпорна во Западен Балкан, поттикната од потребите за корпоративна ликвидност. Но, условите за снабдување со кредити се влошија и се очекува да останат слаби, особено поради загриженоста за идниот кредитен квалитет, изгледите на локалниот пазар и високата инфлација.

Меѓународните банкарски групи што работат во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) покажаа издржливост и посветеност на регионот, според Анкетата за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ, спроведена од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во пролетта 2023 година за време на кризата со Банката на Силиконската долина и Кредит Свис. Анкетата откри дека значително мнозинство (73 %) од матичните банки во ЦИЈИЕ ја задржале својата изложеност, додека 18 % го зголемиле своето присуство во последните шест месеци. Во однос на долгорочните стратегии, прекуграничните банкарски групи ја сигнализираат својата намера или да го задржат истото ниво на работење (45 %) или селективно да се прошират (45 %) во регионот.

Според главниот економист на ЕИБ, Дебора Револтела, „Анкетата за кредитирање на банките за регионот на ЦИЈИЕ ја потврдува континуираната посветеност на меѓународните банкарски групи кон регионот на ЦИЈИЕ, како и нивните напори за одржување на стабилноста. Во сегашниот макроекономски контекст, сепак, се манифестира натамошно заострување на условите за финансирање на страната на понудата, во сите деловни сегменти и во повеќето земји, и тоа ќе остане на сила во текот на следните месеци“.

Што се однесува до Западен Балкан[1], само неколку банки планираат селективно да ја намалат изложеноста кон регионот, додека над 40 % од нив планираат да го задржат сегашното ниво на работење на долг рок и речиси 45 % селективно да го прошират своето присуство. Сепак, банките очекуваат зголемување на нефункционалните кредити, особено на малопродажниот и корпоративниот сектор, имајќи го предвид забавувањето на растот, високата инфлација и повисоките каматни стапки.Во текот на следните шест месеци, тие очекуваат дека сегашната добронамерна средина за финансирање ќе се задржи, па дури и дека ќе се подобри, поттикната повторно од депозитите на населението и на претпријатијата и покрај очекуваното намалување на финансирањето на централната банка.

„Регионот на Западен Балкан уште еднаш го демонстрира својот пазарен потенцијал, издржливост и подготвеност да ги надмине сегашните геополитички ограничувања. Посветеноста на банкарските групи во поддршката на економскиот раст треба да се заштити и Групацијата ЕИБ ќе продолжи да го обезбедува потребното финансирање на регионот за да одговори адекватно на идните потреби“, рече Лилјана Павлова, потпретседателката на ЕИБ.

Кредитниот раст во Западен Балкан значително забавува од почетокот на 2022 година, додека квалитетот на кредитите остана солиден, како и пристапот до финансирање, фаворизиран од постојаниот прилив на депозити, како од корпорациите, така и од домаќинствата. Побарувачката за кредити (што ја покажува подготвеноста на клиентите да позајмуваат кај банките) во Западен Балкан не покажа знаци на забавување во текот на последните месеци (наспроти претходните фази на економско забавување) и се очекува да остане силна повеќе за корпорациите (големите корпорации и МСП) отколку за малопродажбата (потрошувачки кредити и купување куќа). Сепак, нејзиниот состав се промени, сега како главен двигател се обртните средства (што ги одразуваат потребите за ликвидност на фирмите), додека пак фиксните инвестиции и сегментите на мало се очекува да придонесат негативно. Особено побарувачката за кредити за потрошувачка и хипотеки е слаба и се очекува таа да остане потчинета.

Спротивно на ова, понудата на кредити (што укажува на подготвеноста на банките да дадат кредит) значително се влошува во последните месеци и се очекува да остане слаба. Сите деловни сегменти се погодени од заострувањето на условите за кредитирање, а како најпогоден сегмент се јавуваат МСП. Сепак, се очекува слабоста на условите за снабдување да остане и во текот на следните шест месеци, покрај тоа што е нешто помалку интензивна, но хипотекарниот сегмент може потенцијално да има корист.


Повеќе информации тука.

Можеби ќе ве интересира

Сите зборуваат за овој оглас: Германска компанија дава до 1.000 евра бонус за добредојде – потребен е само 1 услов за вработување

Сите зборуваат за овој оглас: Германска компанија дава до 1.000 евра бонус за добредојде – потребен е само 1 услов за вработување

Голем триумф на Меккен Скопје на фестивалот Голден Драм

Голем триумф на Меккен Скопје на фестивалот Голден Драм

„Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“ во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ

„Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“ во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ

Проширете го својот свет со Galaxy AI

Проширете го својот свет со Galaxy AI

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНИ: 7.611.459 ДЕНАРИ ОСВОИ ВЛТ ИГРАЧ ВО СТРУМИЦА

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНИ: 7.611.459 ДЕНАРИ ОСВОИ ВЛТ ИГРАЧ ВО СТРУМИЦА

Касичка – детско осигурување со штедење

Касичка – детско осигурување со штедење

Iute Safe официјално влегува на осигурително-брокерската сцена преку докажана меѓународна експертиза и напредна иновативна технологија

Iute Safe официјално влегува на осигурително-брокерската сцена преку докажана меѓународна експертиза и напредна иновативна технологија

Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат

Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово