08 Мај, 2024
0.1704

Меган Маркл е повторно бремена: Таа и принцот Хари го очекуваат своето второ дете

Објавено во: Стил 14 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

На Денот на вљубените, војводата и војвотката од Сасекс објавија дека го очекуваат своето второ бебе.

„Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде голем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете", сподели парот во изјавата во неделата, на 14 февруари.

Други детали за приновата на Меган и Хари, до овој момент не се познати.

Веста доаѓа само неколку месеци откако Меган откри дека имала спонтан абортус во јули минатата година.

Во последниве недели, 39-годишната sвезда веста за својата бременост ја држеше во тајност, поради пандемијата на коронавирус.

Таа, Хари и нивниот 21-месечен син беа социјално дистанцирани во нивната резиденција во Санта Барбара, Калифорнија, каде што повремено учествуваа во виртуелни настапи.

Извор Женски магазин