14 Декември, 2025
0.2127

Меџити: Ми се јавија од ДУИ и ми рекоа да се вратам кај нив

Објавено во: Македонија 26 Април, 2025 08:19

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот Изет Меџити синоќа во емисијата „Топ Тема“ на Телма нагласи дека од Демократската унија за интеграција првин него го контактирале со цел да ја растурат коалицијата „Влен“, алудирајќи на можноста министерот за здравство Арбен Таравари повеќе да не биде дел и да излезе од власта.

-Ќе го кажам тука јавно, дека понудата да се вратам во ДУИ, да се расцепка Влен не била прво кај Таравари, туку кај мене. Но видоа дека не поминува тоа. Не директно од ДУИ, туку од посредници. Јас ги читав дека тие имаат мисија. Ми понудија дека Ахмети ќе оди, ќе се пензионира, ќе има ново раководство. Но ги прочитав нив дека тоа е стратегија и мисија како да се подели Влен. И затоа сум убеден. Еве и ова ќе го кажам јавно, полесно јас можам да ги излажам моите поддржувачи, да кажам Артан си избега, има кривична пријава и се реформирало ДУИ и правам напори да ги вратам назад. И не верувам дека тие членови на Таравари кои биле антипод на ДУИ и сега истите кога ДУИ тоне тие да бидат спасувачи на ДУИ, рече тој. 

Не одговори дали на средбата кои ја имале тој, Африм Гаши и Биљал Касами со премиерот Христијан Мицкоски му поставиле услов дали сака да останат во Владата тие или Арбен Таравари. Потенцира дека очекува Таравари самиот да си оди од Владата.

-Оваа Влада е принципиелна и е составена врз основа на принципи. И проблемот е тука, ние како Влен расчистивме и покажавме дека нема да толерираме отворен брак- да биде и дел од Влен и да соработува со ДУИ, бидејќи проблемот е во тоа, а не е проблемот дали ќе му дадеме на Таравари четири или шест општини но каде ќе ги носи. Вечерта кога ќе завршат изборите, ние не сме на чисто дали тие општини ќе бидат на Влен или  на ДУИ. Тенденција му е да ја врати ДУИ на власт. Веќе тука се косат принципите на Владата. Тоа значи ги отвораме прашањата овие што се гонат за криминал ќе ги спасиме, ќе престанеме со борбата против корупцијата, ќе одиме по тој терк, бидејќи на овој начин индиректно ДУИ е дел од Владата. Веќе Таравари ќе испорачува фактури од ДУИ. Не е проблемот во бројки. И затоа логично произлегува како што нема место во Влен, дури јас очекувам дека тој сам да оди. Штом сака да соработува со ДУИ, можеби ќе има проблем со членството како ќе го објасни тоа. Но многу полегитимно и поискрено е да си оди. Јас очекувам дека тој самиот треба да си оди и да се приклучи таму каде што му е желбата и каде што соработува, рече Меџити.


Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина