Медведев вели дека Америка секогаш ги напушта своите пријатели
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2022 20:12
Поддршката на САД за Украина нема да трае долго, вели потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев.
Тој на „Телеграм“ напиша дека во одреден момент Конгресот на САД ќе престане да ја поддржува Украина затоа што, како што вели, „Америка секогаш ги напушта своите пријатели“, пренесува ТАСС.
Според него, „обичните Американци полека ја сфаќаат реалноста, што ќе влијае на Конгресот, кој на крајот ќе престане безрезервно да го поддржува украинскиот режим“.
Сепак вели дека „русофобијата е дел од консензусот на политичките елити во Америка“.
Инаку, Русија се пожали дека украинските сили намерно убиле нивни војници со истрели во глава. Русија цело време е незадоволна затоа што САД и други земји донираат оружје за Украина.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




