Медведев читаше поезија и преку стихови го нападна Западот
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2023 07:25
Русија почна акција за промовирање на руската литература во светот.
Рускиот политичар Дмитри Медведев читаше поезија. Руските државни медиуми и Министерството за култура почнаа проект наречен „Зборот на класиците“ во кој се читаат извадоци од делата на руските писатели. Екс рускиот претседател и премиер, Дмитриј Медведев, кој сега има функција во Советот за национална безбедност читаше дело на рускиот поет и дипломат од 19 век, Фјодор Тјутчев. Медведев ја искористи можноста да го нападне Западот, цитирајќи делови во кои Тјутчев зборува за односите со западните земји, а особено со Полска.
„Со векови, европскиот Запад сосема невино веруваше дека не може да има друга Европа освен нејзината. Штом го препознаеме ова, станува јасна вистинската основа на брзите успеси што го запрепастија светот и извонредната експанзија на Русија. Почнувате да сфаќате дека освојувањето и насилството биле најприродното и најлегитимното нешто што било направено во историјата. Тоа беше само едно огромно обединување“, цитираше Медведев.
Откако Русија ја почна војната во Украина лани во февруари, Украина најави дека ќе ја забрани руската литература и ќе уништи руски книги. Политичари од Полска повикаа луѓето наместо руски, да читаат украински автори. И во други земји имаше одредени забрани за руската култура.
Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




