29 Април, 2024
0.0262

Медитацијата ги менува келиите на лицата кои преживеале рак?!

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Научниците за прв пат откриле јасни биолошки докази дека медитацијата и групите за поддршка можат да влијаат на нашето келиско ниво, пренесува „Sciencealert“.

Студијата на истражувачи од Канада, објавена во магазинот „Канцер“, е првата која ги открила доказите кои сугерираат дека групата за поддршка кои ги охрабруваат луѓето на јога и медитација, всушност ја менуваат келиската активност на лицата кои преживеале рак.

Тие откриле дека теломерите - протеинските „приклучоци“ на врвот на хромозомите кои одредуваат колку брзо келијата ќе старее - останале на иста должина кај лицата кои преживеале рак и кои практикувале јога и медитација во текот на тримесечен период.

Од друга страна, теломерите на лицата кои не биле дел од овие групи во текот на тој период се намалиле.

Научниците и понатаму не знаат дали теломерите се вклучени во регулацијата на болеста, но постојат претходни докази кои укажуваат на тоа дека скратените теломери можат да бидат поврзани со шансите за преживување на неколку болести како што се рак на дојка, додека долгите теломери помагаат на нашата заштита од болеста.

Веќе знаеме дека психосоцијалните интервенции како медитација можат да ни помогнат да се почуствуваме подобро, но сега прв пат имаме докази дека тие можат да влијаат и на клучните аспекти на човечката биологија“, изјавила Линда Карлсон од Том Бејкер Центарот за рак.

Во истражувањето учествувале 88 лица кои преживеале рак и кои завршиле со медицински третмани три месеци пред почетокот на студијата.

Учесниците на студијата се поделени во три групи, а лицата во групите кои биле дел од групата за поддршка ја задржале должина на теломерите во текот на тромесечниот период, додека теломерите на третата група чии членови присуствувале на само еден семинар за регулација на стресот.

Иако е во прашање прилично возбудливо истражување, и понатаму не е познато дали овие бенефити се од долгорчен карактет како ни што го создава овој биолошки ефект.

Истражувачите планираат и понатамошни истражувања како би утврдиле дали овие резултати можат да се пресликаат на поголем број учесници, и какво е нивното долгорочно влијание врз нашето здравје. 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг