МЕДИНСКИ ДО ЗАПАДОТ: Русите секогаш си доаѓаат по своето
Објавено во: Свет 16 Мај, 2025 20:59
Шефот на руската делегација за преговори со Украина и помошник на рускиот претседател, Владимир Медински, во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата „Русија 1“ изјави дека низ историјата војната и преговорите секогаш се воделе истовремено.
„Како по правило, секогаш, како што рекол Наполеон, војната и преговорите се водат паралелно“, рече Медински.
„Многумина сега велат – прво да има примирје, па потоа разговори. Велат – 30 дена, 60 дена, не е важно. Но, тоа го зборуваат луѓе кои воопшто не ја познаваат историјата“, изјави Медински.
Како примери, тој ги посочи Виетнамската војна, Корејската војна, како и Советско-финската војна, во кои, според него, преговори се воделе во текот на целото времетраење на воените дејствија.
Медински потсети и на зборовите на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк: „Русите секогаш доаѓаат по она што го сакаат – тоа е многу важна лекција од историјата.“
„Бизмарк предупреди дека кој и да се обиде да ги измами Русите или да им земе нешто, ќе се соочи со последици. Можеби не веднаш, но порано или подоцна – Русите секогаш си доаѓаат по своето“, заклучи Медински.
Преговорите во Истанбул не дадоа некој резултат, освен што е можна голема размена на заробеници. Војната во Украина трае повеќе од три години. Русија бараше денафицикација, демилитаризација на Украина и Украина да ја признае независноста на Доњецк и Луганск.фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




