14 Декември, 2025
0.0409

МАТУРАНТИТЕ ПАК ПРЕПИШУВАЛЕ: Во Кичево имало инцидент

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2024 16:49

Добивај вести на Viber

Средношколци повторно споделувале тестови во вибер групи.

Директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска вели дека истото се повторило и сега со тестовите по математика и англиски јазик. 

Начинот на препишување, според Михајловска, бил идентичен како и минатата недела, односно во вибер група, ученик споделил фотографија од празен тест и барал од останатите членови да му помогнат.

„Овој пат вибер групата англиски имаше три илјади ученици, не знам дали се сите ученици бидејќи и ние бевме дел од таа група. А групата математика околу 300-400 корисници. Не видовме одговори кои би потекнале од кај нас, нешто што е изработено од кај нас, туку на истиот начин, и овој пат беше фотографирано веднаш кога се поделени тестовите, неколку минути пред да почне испитот со таа разлика што овој пат бевме малку поостри во однос на дејствувањето“, рече Михајловска.

Сите ученици кои фотографиле тестови, кај кои се пронајдени телефони и кои се лоцирани со име и презиме од вибер групите, се отстранети од испитот.

Михајловска информираше и дека во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, родител на ученик кого го отстраниле од државниот испит поради поседување на телефон, вербално ги нападнал набљудувачите од Министерството за образование и Бирото за развој на образованието.

принтскрин јутјуб

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија