26 Април, 2024
0.0277

Маските освен што паднаа и ги нема, веќе и брутално се крадат!

Објавено во: Колумни 10 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Јошоро  Френсис Фукујама американскиот филозоф, политичко-економски аналитичар и автор, веројатно погрешни кога пред триесет години констатираше дека „ дојде крајот на историјата “,  во која тврди дека либералниот капитализам го победи комунизмот, односно либералните демократии, слободниот пазар и западниот животен стил се крајната точка на социо-културната еволуција на човештвото и конечна форма на човечкото уредување. Да, ама не! Крајот на историјата не се случи ни во веќе далечната 1990, ниту пак ќе се случи сега во 2020, туку како и тогаш, така и сега ќе се случи трансформација на планетата Земја. Особено ќе се случи трансформација на „ либералните демократии и западниот животен стил“. 

„Природна себичност“, пред меѓународна солидарност!

 Пред свои очи, нашите генерации се сведоци на историски времиња, премрежје, кое ќе го преобликува целокупниот свет и  односите помеѓу нациите, луѓето и компаниите. Глобалното село, стана локално карантинско и себично, кое гледа само за себе и сопствените потреби. Можеби во вакви вонредни времиња, стравот и паниката за спасување на животите на своите граѓани, изгледа како нормална и природна човечка реакција, но мизеријата со конфискација на пратки со стотици илјади маски од страна на  една земја, а кои биле наменети за сосема друга државна дестинација во најмала рака е бизарно. На површина испливува веќе и лицемерието на „ добрососедските меѓусебни односи“, помеѓу држави за кои се смета дека се со децении природни и стратешки пријатели.  Доколку им се верува на првичните информациии ( ако не станува збор за лажни вести), првите конфискувани маски наменети за Италија, а пратени од  далечна Кина, беа од страна на чешките и полските власти, од кои имаше и понатамошно извинување. Станува збор за држави кои се полноправни членки на Европската унија, па ако сакате и на НАТО алијансата, кои ја направија оваа „ улична кражба на маските“. Но, без разлика, дали сте официјален член на овие две најмоќни организации или не, ваквото  однесување  на официјалните власти од една држава, во најмала рака е јадно, срамно и долно. Последните вакви информации доаѓаат од северноамериканскиот континент, каде што со активиран Закон за одбранбено производство од  далечната 1950 година, американскиот претседател Донал Трамп и забранува на компанијата „ 3М“ да испорача речиси три милиони маски за провинцијата Онтарио во соседна Канада. Премиерот на овој канадски регион Даг Форд изјавил дека“  никогаш повеќе нема да се потпре на претседателот Трамп, или на кој било премиер или претседател од која било земја„.  Канада и САД важат за едни од најблиските и најлојални сојузници особено во НАТО алијансата, и се поставува прашањето, дали после завршувањето на најголемата светска пандемија во последните сто години, односите ќе останат исти. Дури читаме и уште побизарни ситуации во кои договорени пратки со маски од Кина за Франција, биле „ конфискувани во Турција“, или однапред купени од „ странска земја “ ( читај САД), по цена од три пати повеќе од првенствено договорената.

Време за преиспитување и отрезнување!

Светот и тоа најбогатиот, најнапредниот и како што не учеа најцивилизираниот ја живее својата најголема трагедија, но и најголема мизерија во модерното доба. Се поставува прашањето дали ова горко и лошо искуство со пандемијата од Корона вирусот, нема да ги смени целосно приоритетите на светските влади во иднина, односно дали нема владите многу повеќе пари да одвојуваат за опремување и софистицирање на здравствениот систем и капацитетите на јавното здравство, отколку да одвојуваат милијарди за наоружување, во голем број и за мегаломански споменици или други сосема непродуктивни трошоци. Бидејќи едно е јасно: тие земји, кои денеска имаат најдобар здравствен систем ( и најдисциплинирани  и совесни граѓани), се тие кои многу полесно можат да ја пребродат оваа криза. Читаме дека во најнаселената земја во светот Индија, властите одвоиле 60 милиони долари за изградба на споменик  на лик од поблиската историја на оваа земја, а јавниот здравствен систем на Индија е покатастрофален и од африканските земји, и можеме да претпоставиме што ќе се случи ако Корона вирусот во  оваа огромна азиска земја се прошири  во пандан на една Италија или пак Шпанија, не дај боже! Светот ги доживува своите најдраматични моменти, и е во една своевидна катарза. Сите научници, општественици, политиколози, политичари, економисти, бизнисмени се согласни во едно: дека  во посткороната нашата планета Земја нема да биде истото место за живеење. Какво ќе биде, никој со сигурност сега во овој момент не може да предвиди, но претстои ера на преиспитување на односите: од тие меѓу луѓето, до тие меѓу заедниците.

Благојче Атанасовски - политиколог

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД