14 Декември, 2025
0.3429

Маск ќе гради своја „Силициумска долина“, но во Тексас

Објавено во: Економија 22 Април, 2025 10:29

Добивај вести на Viber

Откако ја напушти Силиконската долина од политички и деловни причини, Илон Маск гради корпоративен кампус во Бастроп, рурален дел на Тексас, а жителите од ова населено место имаат измешани чувства за тоа.

Тој се надева дека кампусот ќе стане технолошки центар, исто како Силиконската долина. Меѓу останатото, во изградба е и зграда која ќе биде седиште на неговата социјална мрежа X. Тука се и компаниите Boring и SpaceX.

Со оглед на тоа што некогаш ја поддржуваше Демократската партија, одлуката на Маск да ја напушти Силиконската долина и да создаде сопствен кампус може да се толкува и како последица на неговата идеолошка трансформација, што значеше свртување кон Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп.

Меѓу причините за изборот на Тексас како локација за кампусот е тоа што земјиштето е релативно евтино, има доволно работници и тоа дека законодавството го поттикнува развојот.

Најбогатиот човек на светот и соработник на Трамп минатата година изјави дека ќе ја напушти Силиконската долина, Калифорнија, откако државата усвои закон со кој им забранува на наставниците да ги известуваат семејствата „кога ученикот го менува родовиот идентитет“. Покрај тоа, треба да се напомене дека Тексас е едно од републиканските упоришта.

Вработените во SpaceX имаат намера да создадат свој мал град наречен Starbase. Населението на Бастроп од една страна е задоволно од тоа што многумина ќе се вработат, а од друга страна стравуваат од негативните последици од урбанизацијата. Меѓу тие негативни последици е и порастот на цените на недвижностите. Градилиштето на Маск не е единственото во Бастроп, во близина на границата со Мексико.

Дека не е сè идилично со компаниите на Маск, покажува и фактот дека компанијата Boring е казнета со 11.876 долари поради загадување на водата. Имено, оваа компанија првично имала намера да исфрла отпадна вода во блиската река Колорадо, но по притисокот од јавноста потпишала договор за пренасочување на отпадните води во пречистителна станица во Бастроп, пишува Би-Би-Си.


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји