Маркетите ги подготвуваат ценовниците за објавување, ќе бараме попусти на нивните интернет страници
Објавено во: Економија 08 Април, 2025 07:50
Правилникот за тоа како малите, средните и големи трговци да ги објавуваат цените на интернет страниците излезе во Службен весник и стапи на сила, со што прилагодувањето на владината мерка треба да заврши до средината на овој месец, како што предвидуваат и законските измени.
Големите синџири на маркети кои што ги исконтактиравме велат дека тие немаат никаков технички проблем со тоа, затоа што имаат ИТ поддршка која може постојано да ги објавува цените и да ги ажурира промените.
Граѓаните пак велат дека оваа мерка може да им помогне само на оние кои што имаат послободно време за пазарење и што немаат проблем да отидат во неколку продавници истовремено доколку пазарат повеќе работи за подолг рок.
Трговецот на веб-страната треба да има мени со посебен дел како ценовник. Маркетите што имаат повеќе продавници треба да ги истакнат цените за секоја одделно. Во посебен дел треба да се истакнат цените и производите кои што подлежат на промоција, односно на акција. Доколку производот е на попуст тоа треба посебно да се наведе и да се назначи до кој датум ќе трае.
„Доколку од страна на трговецот се нудат промотивни или попустни цени, на вебстраницата на трговецот треба да биде означена редовната цена, процентот или износот на
намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот. Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој
работен ден до 10:00 часот. Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките,
трговецот треба да ја корегира грешката во рок од 24 часа“, објавено е во Правилникот.
Според законските измени, од ваквата обврска се ослободени микротрговците и трговците-поединци. Предлагачите на законските измени претходно рекоа дека ваквата мерка успешно се применува, како пример, во Франција и во други држави.
Министерот за економија Бесар Дурмиши претходно рече дека се очекува поголема транспарентност маркетите, подобрена конкурнетност и намалување на цените.
-Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари, ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава еден ист производ – рече тој.
Законските измени предвидуваат и глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




