26 Април, 2024
0.0305

МАРКЕТИНГ АГЕНТИТЕ, ФИЛМАЏИИТЕ И ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ - чии плати најмногу настрадаа во април

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Речиси сите плати паѓале во април во однос на март, говорат податоците на Државниот завод за статистика. 

Април е првиот месец во кој кризата најсилно удри врз економијата, а со тоа и врз платите на работниците, така што во четвртиот месец од годинава во однос на март просечната плата е намалена за 592 денари. Со кризата всушност запре поволниот тренд на раст на платите кој постоеше во претходниот период.

Ретки се оние дејности каде има зголемување на месечните примања на работниците. 

На првото неславно место според падот на платите се најде производството на моторни возила, приколки и полуприколки, каде вработените добиле пониски примања за дури 22,5 отсто. Или, платите се намалени за близу една четвртина. Сега изнесуваат 17.895 денари. 

На второ место според огромниот пад на платите, и тоа за исти процент, се најдоа две дејности.  

Едната од нив е кај дејноста маркетинг, односно реклама и пропаганда, како и истражување на пазарот, каде падот изнесува цели 20,1 отсто. Па така, со намалувањето, платите во оваа дејност изнесуваат 29.679 денари, откако нивниот изнесувале над 33 илјади денари. 

Другата дејност, пак, каде што исто така има пад од 20,1 отсто, е филмската дејност, продукцијата на видео и телевизиска програма, дејности на снимање звучни записи и музичко издаваштво, па со ова намалување нивната плата сега е на ниво од 18.640 денари. 

Ова е многу јасно, со оглед што бизнисите едвај се одржуваа, па речиси никому не му беше дојдено до маркетинг, а филмската дејност, пак, заради строгите мерки на заштита, беше, а и сеуште е, вистинска илузија.

Сосема очекувано, кризата ја погоди туристичката дејност, па таму е регистриран вториот по ред највисок пад на платите, за близу 20 отсто, односно прецизно 19,5 проценти. Платите во овој сектор и онака биле ниски, а сега во април платите на вработените во туристичките агенции, како и кај туроператорите, се на ниво од 15.102 денари.  

Високо намалување на платите од 17,1 отсто е забележано и во дејноста телекомуникации. Овој сектор се потруди да обезбеди услуги на висина на задачата за време на здравствената криза, и направи сериозни инвестиции за тоа да го постигне. Ако е за утеха, нивната просечна плата и онака е висока, па со намалувањето стигнала до 40.687 денари, откако претходно била над 43 илјади денари. 

Огромен пад од 11,2 отсто има кај дејноста преработка на дрво и производи од дрво и плута, каде платите и онака се многу ниски, а во април се свеле на многу ниски 16.241 денар.

Веднаш по овој сектор, со намалување на платите од 11,1 отсто, се наоѓаат дејностите за подготовка на оброци и служење на храна, кои и претходно биле ниски, а со падот стигнале до 14.471 денар. 

Пад на платите има и кај комјутерското програмирање, но тој е многу низок и изнесува 0,6 отсто, а овие вработени и натаму остануваат на врвот на вработените со највисоки плати, па тие во април изнесувале 62.818 денари, односно и натаму се над илјада евра.

А каде пораснале платите?

Во април, и покрај кризата, изгледа дека одлично им одело во дејноста производство на други неметални минерални производи, каде платите доживеале раст од 20,9 отсто. Сега изнесуваат 33.740 денари. 

Кризата не им можела ништо ниту во дејноста производство на пијалоци, каде платите отишле нагоре за дури 13,3 отсто, и тие во четвртиот месец изнесувале 34.618 денари. 

Раст на примањата има и кај производството на хартија, кај канцелариско административните дејности, како и кај неколку други сектори.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина