26 Април, 2024
0.0294

Маричиќ: Заев на 29 октомври оди кај Конте во Рим

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Бојан Маричиќ, техничкиот секретар на Владата за евроинтеграции, синоќа во емисијата „Топ Тема“ откри дека премиерот Зоран Заев на 29 октомври оди на средба во Рим кај шефот на италијанската Влада, Џузепе Конте. Заев е поканет затоа што Италија сака повторно да го отвори прашањето за проширување на ЕУ.

Италијанскиот премиер, како што наведуваат медиумите, сака „да ја исправи неправдата која ЕУ им ја нанесе на Македонија и Албанија со неодредувањето на датумот за преговори на Самитот во Брисел, и му упатил покана на Заев да се сретнат пред новиот Совет на министри на ЕУ кој треба да се одржи на 19-ти ноември.

- Поканата пристигна денеска, премиерот следната недела, ако не се лажам на 29 октомври, патува за Рим. Потоа ќе замине во Брисел на проштална вечера на Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, рече Маричиќ.

Владиниот советник сепак тврди дека не е познато како ќе се реши политичката  криза која настана со одложувањето на датумот со краткорочна средба.

„Седумгодишно преговарање со Србија и Црна Гора не дава резултати, тоа не дава резултати, според Макрон тие се премногу бирократски. Допрва од Европската комисија и од Франција ќе бараме отворен дијалог да видиме што е таа методологија која се бара во преговорите. Веќе разговарав со Брисел, никој нема идеја што тоа би значело“, додаде Маричиќ.

Италија ќе го наметне прашањето кое засега не добива „зелено светло“ на новиот министерски состанок, кој ќе се одржи на средината на ноември. Враќањето на маса на ова прашање би значело отворање дебата меѓу земјите членки на ЕУ и нова можност за консензус откако Македонија не доби датум за отворање преговори на Самитот на европските лидери во Брисел.


Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“