14 Декември, 2025
0.0551

Маричиќ за падот на ЕУ-ентузијазмот во анкетите: Граѓаните не се против, туку само се разочарани

Објавено во: Македонија 29 Март, 2023 21:26

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за падот на ентузијазмот кај граѓаните во анкетите за поддршка на евроинтеграциите, вели дека не станува за противници на идејата, туку за голем број на разочарани проевропски настроени граѓани.

„Разочарани од тоа што се случувало во изминативе неколку години, а поврзано со блокадите со коишто се соочивме, разочарани затоа што сè уште немаме точен датум кога ќе станеме членка на Европската Унија. Разочарани сигурно и поради темпото на реформите“, рече Маричиќ на денешниот настан за промоција на проектот „Медиумите за ЕУ“.

За да се промени перцепцијата на граѓаните за процесот на преговори и за ЕУ, според вицепремиерот, клучни ќе бидат токму медиумите, граѓанското општество и политичките партии.

„Процесот на евроинтеграции, особено со новата методологија, стана и политички процес, кој за жал кај нас сè почесто се политизира и се злоупотребува за дневна политика, што секако влијае на ставовите на граѓаните за ЕУ. Затоа граѓаните треба да бидат добро информирани за ЕУ и заеднички да правиме напори да се продлабочи дебатата за преговорите со ЕУ и за сите позитивни промени и економски можности кои ги носи членството“, истакна Маричиќ.

Покрај тоа, голема улога, според него, играат и дезинформациите со кои се поткопува проевропското расположение. 

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина