Маричиќ објаснува за Made in Macedonia: Потеклото на производите ќе содржи придавка и фуснота
Објавено во: Економија 10 Септември, 2018 20:30
Потеклото „Made in Macedonia“ кај македонските производи ќе
се замени со епитетот „македонски“, но и со посебна фуснота на која ќе се добјаснува дека „производот е од Северна Македонија“. Вака е предвидено во трговскиот
дел од преспанскиот договор со Грција, објаснува за „Фактор“ Бојан Маричиќ,
советникот за европски прашања во кабинетот на премиерот Зоран Заев и технички
преговарач со ЕУ. Прашањето околу „мејд ин маседониа“ сеотвори
минатата недела кога и премиерот Зоран Заев рече дека Македонија нема да има
ексклузивност на ова потекло.
„Познатиот напис „Made in Macedonia“ се заменува со зборовите „македонска конфекција (облека) “, или „македонско вино“, на пример, но, ќе има и посебна ознака дека производот е од Северна Македонија, според она што треба да биде спроведено по ратификувањето на договорот од страна на двете страни, вели Маричиќ.
Лично тој е задолжен за спроведувањето на трговскиот дел од договорот потпишан во Преспа со Грција како стручњак во областа на заштитата во трговското право, односно трговските марки, брендирањето, патентирањето и друго од областа на идстриската сопственост.
Тоа во превод значи дека ако во Македонија се произведени панаталони кои се продаваат надвор, на нив ќе стои дека станува збор за „македонка облека“, а ќе биде додадено дека производот е од Северна Македонија
Инаку премиерот Заев пред три дена потврди дека грчките компании ќе имаат право да го превземат „Made in Macedonia“, но само ако го исклучат „Made in Greece“.
„Ние немаме проблем дали „Мејд ин Маседониа“ ќе пишува заради регионот Македонија или заради нашата Македонија, како држава. Но, оставен е период од три години за да им се даде шанса на бизнисите во Грција да имаат своја определба. Ако одлучат на своите производи да имаат „Мејд ин Маседониа“, тоа кај нив е дискутабилно, зашто го исклучува „Мејд ин Грис“,Ние си остануваме со потекло „Мејд ин Маседониа“ или „Произведено во Македонија“, но верувам дека беше важно да им ја дадеме таа можност за три години да се определат производителите во Грција како сакаат да се декларираат, истакна премиерот.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




