Марфи предупреди дека ако нема уставни измени тоа ќе влијае на односите со САД
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2023 16:53
Вашингтон предупреди дека ако не го смениме Уставот, тоа ќе влијае на односите со САД.
Насоки за промена на Уставот даде американскиот сенатор Крис Марфи, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата. Сенаторот Марфи, кој е член на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, ги нарече уставните измени технички и предупреди дека ако земјава не ги направи измените, тоа ќе има влијание и врз односите со САД, а таквата одлука ќе ги загрижи и членките на НАТО. Вели дека Македонија не треба да ја пропушти оваа можност. Тој порача и дека војната во Украина предизвикала криза, но истовремено ја разбудила Европската унија за потребата да ги остави вратите отворени, што е нова релна можност за проширување, а Украина не може да блезе во ЕУ, доколку не влезат и земјите од Балканот.
„Сакам да бидам јасен, за влијанието врз односите со САД доколку Македонија се одлучи за поинаков пат. Доколку, одлучи против овие уставни измени и се оддалечи од патот кон ЕУ, би било загрижувачки за НАТО земја, земја која ние сме се обврзале да ја браниме врз основа на нашите заеднички вредности, да го сврти грбот на ЕУ. Ние сме пријатели, ние никогаш нема да престанеме да бидеме пријатели и партнери. Но, луѓето во САД, лидерите во САД ги следат одлуките кои ќе бидат направени тука во следните месеци“, рече Марфи.
Покрај со Ковачевски, американскиот сенатор се сретна и со претседателот на државата Стево Пендаровски, каде како што соопштија од Вила Водно, се говорело за македонските евроинтеграции, а претседателот се заблагодарил за досегашната поддршка од САД. Неизвесно е дали ќе има мнозинство за уставните измени. Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи на патот кон ЕУ. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера спомена дека е можно Албанија сама да продолжи, односно да биде раздвоена од Македонија.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




