03 Октомври, 2023
0.0247

Мапирање на ИТ индустријата во Македонија: Кој е најпопуларен програмски јазик?

Објавено во: Економија 28 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Порталот за информатичка технологија, IT.mk, го реализираше второто истражување за мапирање на локалната ИТ индустрија и резултатите даваат интересна слика за една од најлукративните индустрии во моментов. 

Истражувањето има за цел да даде сеопфатен приказ на актуелната состојба со плати и примања, технологии, едукација и развој на ИТ кадарот, како и вработените во дигиталниот маркетинг и дигиталните уметности. Дополнително, истражувањето го прикажува и напредокот во овие области во Македонија споредбено со 2019 година, кога беше направено првото мапирање.

Истражувањето е направено во периодот од 15-ти јуни до 11-ти јули 2022 година и во него учество земаа повеќе од 2.000 локални ИТ професионалци, споделувајќи клучни информации за примањата, алатките и технологиите што ги користат, образованието, одлуките при бирање работа и други интересни податоци. 

Во областа на програмирањето, 90 проценти од испитаниците имаат примања пониски од 200,000 денари, во маркетингот 90 отсто имаат примања пониски од 180,000 денари, а во дизајн секторот 90 проценти имаат примања пониски од 120,000 денари. Ова се само дел од корисните информации кои ги носи истражувањето на IT.mk насловено „Мапирање на ИТ индустријата во .мк - Издание 2022“

Мапирањето укажува на тоа дека дури 48.5 отсто од ИТ професионалците размислуваат за можна промена на работното место во следните 6 месеци, а за време на COVID пандемијата 39 проценти од испитаниците смениле компанија. Исто како и во 2019 година, повторно е евидентен и родовиот јаз во платите и другите хонорарни примања кај ИТ кадарот, особено на повисоките позиции.

Други интересни податоци кои можат да се истакнат од истражувањето се:

- Најпопуларен програмски јазик кој во моментот се работи е JavaScript,

- Најатрактивен програмски јазик за учење е Python,

- Канали што носат најдобри резултати во е-продажбата се социјалните медиуми,

- Примарната алатка за работа на графичките дизајнери е Figma, наспроти Adobe Photoshop или Illustrator,

- Најкористената алатка при развој е Git,

- Степенот на задоволство од работните места е над 7 од 10 во сите три сектори.


Со цел поопсежна анализа, обработка на податоците и презентирање на резултатите од истражувањето, како партнер е вклучена локалната консултантска компанија Data Masters која е експерт во доменот на бизнис аналитика и обработка на податоци. 

Најголемиот дел од испитаниците, односно 60 отсто, се во возрасната група од 25 до 34 години,77 проценти се мажи, а 23 отсто се жени. 

Истражувањето ги става во фокус нето примањата на ИТ професионалците и растот на истите споредбено со анкетата спроведена во 2019 година, а се разликува од стандардното истражување на ДЗС за платите бидејќи ги зема предвид и хонорарните проекти што ИТ кадарот ги работи надвор од постојаните работни места. Дополнително, истражувањето навлегува многу подлабоко во повеќе други сегменти на ИТ индустријата.
 
Мапирањето покажува дека, според програмските јазици, најплатени се Swift програмерите. Дизајнерите на игри и Autocad цртачите имаат највисоки плати кои достигнуваат повеќе од 230,000 денари, а најголем предизвик за реализација на маркетинг активностите се недостиг на ресурси. Во секцијата за програмирање се вклучени резултати за примарните програмски јазици, најпопуларните Cloud платформи, датабази, развојни околини, како и најкористени алатки. Маркетинг професионалците откриваат податоци за маркетинг буџетите, најважните метрики, како и каналите што носат најдобри резултати. Кај графичките дизајнери, истражувањето ги открива првите чекори што ги преземаат при отпочнување на нов проект како и примарните алатки за работа.

Истражувањето изнесува на виделина дека најголемиот дел од испитаниците имаат завршени дипломски студии и работат во претставништва на странски компании. А најважната компонента при барањето работа се платите и бонусите, можностите за развој, како и рамнотежата меѓу работата и приватниот живот. 

Резултатите од истражувањето можат да се погледнат во целост на следниот линк: http://it.mk/map2022

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

„ИНФЛАЦИЈАТА ГО ДОСТИГНА ВРВОТ“: Веќе бележи надолен тренд во светот, еве какви се очекувањата за Македонија

„ИНФЛАЦИЈАТА ГО ДОСТИГНА ВРВОТ“: Веќе бележи надолен тренд во светот, еве какви се очекувањата за Македонија

Од денеска аукција за зелената обврзница, ќе следуваат и проектни обврзници

Од денеска аукција за зелената обврзница, ќе следуваат и проектни обврзници

Директорот на „Мајкрософт“ пукаше во „Гугл“: „Доминира затоа што користи нефер тактики, корисниците речиси немаат избор“

Директорот на „Мајкрософт“ пукаше во „Гугл“: „Доминира затоа што користи нефер тактики, корисниците речиси немаат избор“

КУШТРИМ РАМАДАНИ СИ ОДИ ОД ТОПЛАНАТА СЕВЕР И ПОЧНУВА СО СВОЈ ПРИВАТЕН БИЗНИС - која е причината за оставката на директорот и што ќе работи неговата нова фирма

КУШТРИМ РАМАДАНИ СИ ОДИ ОД ТОПЛАНАТА СЕВЕР И ПОЧНУВА СО СВОЈ ПРИВАТЕН БИЗНИС - која е причината за оставката на директорот и што ќе работи неговата нова фирма

Суспендирана контроверзна фирма која земаше струја од МЕПСО без да му плаќа

Суспендирана контроверзна фирма која земаше струја од МЕПСО без да му плаќа

Се издаваат станови во малите градови, кириите се ниски, ама потстанари ни за лек

Се издаваат станови во малите градови, кириите се ниски, ама потстанари ни за лек

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

Пензионерите добија покачување, но не 6.8 отсто туку 5.3 отсто

Пензионерите добија покачување, но не 6.8 отсто туку 5.3 отсто

Зошто се зголеми невработеноста во Германија?

Зошто се зголеми невработеноста во Германија?