27 Април, 2024
0.0377

МАПАС активно се посветени на подигнување на свеста на младите

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС,  заедно со трите пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје,  Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје  активно се посветени на подигнување на свеста за потребата од финансиска едукација и финансиска инклузија на сите целни групи во нашето општество, но пред се на младите кои се движечка сила на економскиот развој на земјата.

Во тој правец е и објавата на новата информативно-едукативна брошура „Времето до пензија поминува побрзо отколку што мислиш“, која  содржи низа информации за функционирањето на капитално финансираното пензиско осигурување, правта на членовите, работењето на пензиските друштва и функцијата на МАПАС  чија основна  цел и задача е да ги штити интересите на членовите и да го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови.

Брошурата нуди краток и едноставен приказ на најважните информации со акцент на сите постојни можности за вклучување во вториот задолжителен и третиот доброволен пензиски фонд.  Во неа се опфатени значителен дел од активностите, при што преку илустриран приказ, едноставен јазик и значајни  информации се обезбедува поголема информираност на јавноста, а пред се на младите за различни аспекти и бенифиции од вклучување во капитално финансираното пензиско осигурување.

Публикацијата е наменета за пошироката јавност, но пред се на младата популација  и е достапна во електронски формат.

“Објавувањето на брошурата е дел од нашите најнови активности во сферата на финансиската едукација и од активностите на маркетинг кампањата за подигање на свеста на јавноста, а пред се на младите за значењето на  капитално финансираното пензиско осигурување”, порачуваат од МАПАС.

Линк до брошурата

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“