14 Декември, 2025
0.0556

МАЛОЛЕТЕН УЧЕНИК СО НОЖ ПРОБОДЕ НАСТАВНИК ВО ОКО: Напад во шпанско училиште, детето со два ножа ги избодело сите што минувале

Објавено во: Свет 28 Септември, 2023 11:32

Добивај вести на Viber

14-Годишен ученик од Шпанија е уапсен откако избоде тројца професори и најмалку еден ученик во средно училиште во Херез де ла Фронтера на југот на земјата.

Полицијата соопшти дека неколку луѓе се ранети, но нема загинати, пренесе Ројтерс.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ наведува дека момчето има само 14 години, и дека нападнало тројца учители и двајца ученици, кои сите се хоспитализирани со повреди од „различна тежина“. Според 20minutos.es, еден од наставниците бил прободен со нож во окото.

Мотивот за нападот се уште не е познат. Тинејџерот е приведен на лице место со оружје што го поседува и е во притвор до завршување на истрагата и ставање на располагање на судот за малолетници, соопшти „Ел Паис“.

- Напаѓачот од училишниот ранец во училницата извадил два големи ножа и ги нападнал учениците и наставниците велејќи им дека ќе ги убие - изјавила мајката на еден од учениците за ТВ каналот СУР.

„Почна да ги боде сите што минуваа“

Портпаролот на локалната полиција потврди дека напаѓачот имал два ножа.

По инцидентот што се случи во четвртокот наутро во институтот „Елена Гарсија Армада“ во Херез де ла Фронтера, училиштето беше евакуирано, а на местото беа присутни неколку возила на брза помош за да им помогнат на настраданите.

Енрике Галего, новинар од ТВ Херез, наведе - повикувајќи се на извори од училиштето - дека ученикот утринава влегол во класот, извадил голем нож од ранецот и почнал да ги „боде сите што минувале“.


Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина