05 Декември, 2025
0.0393

Малите хидроцентрали и панели за струја ги субвенционираме со повеќе од 20 милиони евра, познати најголемите добитници

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2021 08:00

Добивај вести на Viber

Минатата година за субвенции биле исплатени 2,555 милијарди денари без ДДВ од сметките за електрична енергија за повластени производители на струја од обновливи извори. Ова за прв пат во историјата го објавува Регулаторната комисија за енергетика во својот годишен извештај, а оваа сума на пари од околу 42 милиони евра ја поделиле 95 активни мали хидроцентрали, 198 фотонапонски централи, три централи на биогас и еден ветерен парк. Само хидро и соларните централи поделиле повеќе од 20 милиони евра.

Парк на ветерни електрани Богданци наплатил 642 милиони денари, а централите на биогас поделиле 636 милиони денари. Меѓу нив најмногу заработила онаа во Логоварди со 277 милиони, како и таа во Породин со сума од 265 милиони. Третата, онаа на Електро Шари, има 94,2 милиони денари. При тоа, РКЕ не ги наведува имињата на сопствениците на сите овие централи, туку ги прикажува како подружници.

Кај малите хидроцентрали биле поделени безмалку милијарда денари за субвенционирање или поточно 16 милиони евра. Најактивна била МХЕЦ Тиквеш 2 со произведени 9 милиони киловат часови, за што се наплатени нешто повеќе од 32 милиони денари. Следуваат МХЕ Јабланица со 29,2 милиони денари, додека три централи на МХЕ Бистрица имаат ваков приход од 28,7 , 27,8 и 27,2 милиони денари. Со 350 илјади денари најмалку заработила хидроцентралата „Зелен Град“. Само 41 хидроцентрали од вкупно 95 повластени производители од ваков тип добиле субвенции од над 10 милиони денари.

Кај соларните панели има нешто помала заработка. Тука се поделени 295 милиони денари како дополнителна субвенција. Мега Солар, која произвела 1.475.000 киловат часови и за тоа инкасирала 37,3 милиони денари од сметките што ги плаќаме за електрична енергија е прва според овој приход. Следуваат Торпедо Солар ГТ со 24,9 милиони денари, Лагово со 23,88 и ФЕЦ Дуброво за 21 милиони денари. Само 11 соларни централи од 198 низ земјата кои се регистрирани како повластени заработиле преку 10 милиони денари во текот на ланската година.

Кога на граѓаните им пристигнува сметката за струја, шест проценти од сумата е наменета за субвенционирање обновливи извори на енергија, а тука влегуваат малите хидроцентрали, фотоволтаичните системи, ветерните централи и централите на биогас.

Повластените производители коишто користат повластени тарифи учествуваат со 6,17 проценти во произведената електрична енергија од домашни производители. На повластените производители коишто користат повластена тарифа им е загарантирана тарифата за секој киловат произведена електрична енергија, по која операторот на пазарот на електрична енергија е должен да ја откупи целата електрична енергија произведена од повластените производители во период од 15 до 20 години, во зависност од видот на електроцентралата.

* Напомена: Сумата е во денари

A.K.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“