Maли трикови со кои сметките ќе ги намалите за 27 отсто
Објавено во: Финансии 08 Мај, 2018
За да заштедите дома, се препорачува мобилни телефони и лап топи да не се полнат повеќе од потребното.
Фрижидерот троши повеќе енергија доколку ставите топло јадење, затоа не го правете ова.
Во машина за перење можете да перете облека на пониска температура, и на тој начин ќе заштедите затоа што за греење на водата се троши енергија.
Готвење со капак врз тенџерето штеди за 25 проценти енергија.
7.5 проценти од енергијата во домот се троши за гледање на телевизија. Доколку не го гледате телевизорот изгасете го, а ако е на стенд бај, тогаш ви троши енергија.
Штедливите светилки иако се поскапи, тие траат повеќе односно од 8000 до 10.000 часа и нив им е потребно за 20 до 25 проценти помалку енерија од она што трошат обичните.