Мала земја, а има 54 милионери
Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2017
Земја со население од 645.000 лица, има дури 54 милионери.
Богатството на најбогатиот граѓанин во Црна Гора се проценува на 14 милиони евра, пишува црногорскиот весник „Побиједа“.
Според податоците на Централната банка, кон крајот на 2016 година, 54 граѓани имале депозит во вредност од над еден милион евра.
Имињата на милионерите не се наведени, затоа што тоа е спротивно од законот.
Што се однесува до правните лица, најголемиот депозит на фирма, вложен во една банка, е речиси 56 милиони евра.
Весникот напоменува дека во втората половина на 2015 година во Црна Гора имало 53 милионери, а најголемиот депозит на физичко лице бил 4,13 милиони евра.
Во истиот период депозит од над еден милион евра имале 140 компании.