Мала промена во начинот, голема разлика во денот
Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2025 08:01
Замисли дека сметките за курсевите на децата или пак ратата за кредит ги плаќаш со кафе во едната рака и со компјутерот пред тебе. Без стрес, без трчање по шалтери, без досадното прашање: „Дали стигна уплатата?“ Веднаш имаш преглед на сите приливи и одливи од твоите платежни сметки.
Замисли дека трансфер на пари ти трае пократко од ставање филтер на story на Инстаграм. Кога имаш 24/7 пристап до твоите банкарски производи и услуги сѐ е брзо и едноставно. Затоа што не губиш време додека му префрлаш пари на пријател или на твоето дете.
Е, сега замисли и дека додека чекаш лет на аеродром може да поднесеш документи за распределба на приливите од странство во твојата фирма и средствата за кратко време да ти бидат на располагање. И сето тоа не изгледа неверојатно – изгледа нормално.
Новата Интернет банка на Комерцијална банка е со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности така што дозволува лесно управување со твоите сметки,депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени од кое било место преку твојот компјутер или друг мобилен уред.
Со електронското банкарство на Комерцијална банка добиваш:
· Подобро корисничко искуство со лесен пристап до твоите производите
· Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели
· Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции
· Персонализирани услуги според твоите потреби
· Максимална безбедност и контрола на платежни сметки и картички
Токму затоа електронското банкарство денес не е само згоден додаток – тоа е алатка без која тешко се замислува еден обичен ден. Секојдневните обврски можеби не се спектакуларни, но тие ти го прават денот – едноставен или комплициран. А, денот навистина може да биде опуштен кога банкарските трансакции се едноставни и лесни, како праќање Вибер порака, и не трошат време, не ги менуваат другите планови и не ти задаваат грижа дека може да задоцниш со некоја уплата.
И во бизнисот, секоја минута е важна. Некогаш ќе треба да се донесе одлука веднаш и се прашуваш дали има доволно средства на сметка, дали е стигната уплатата, дали е извршена исплатата? Електронското банкарство тогаш не е само практично, туку е суштинска алатка за беспрекорно и ефикасно функционирање на бизнис финансиите.
На крајот на денот, целата поента е во чувството дека можеш да се потпреш на нешто. Дека имаш контрола. Дека сè е средено, дури и кога денот не е.
Замисли дека твојата банка се прилагодува на тебе, а не обратно. Не мораш ни да замислуваш. Доволно е да се најавиш на Интернет банка
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




