29 Април, 2024
0.0386

Мал интерес кај земјоделците за осигурување на посевите

Објавено во: Агробизнис 28 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Само 1.300 земјоделци искористиле субвенции за полиси или вкупно 21 милион денари. Според Перица Ивановски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се уште минимален број земјоделци ги осигуруваат посевите поради што и е многу мала реализацијата на владината поддршка за оваа намена.

„Не сме задоволни од апсорпцијата на средствата, но сепак, во однос на 2008 година кога оваа мерка беше првпат воведена заинтересираноста за осигурување на обработливите површини се зголемува. Тогаш 300 земјоделци користеа поддршка и беа потрошени три милиони евра“, изјави Ивановски.

Според него, не само што има можност, туку е огромна и потребата од што поинтензивно осигурување на посевите. Тоа се потврди и со поројните дождови и поплавите што ја зафатија Македонија деновиве.

Вреднувањето на земјоделското производство од страна на осигурителните компании и дефинирањето на условите во полисата се меѓу клучните причини поради кои производителите во мал процент ги осигуруваат површините. Најмногу полиси има за  градинарството, лозарството и овоштарството.

За 2013 година државата обезбеди околу 35 милиони денари со кои ќе покрива 60 отсто од трошоците за полиси на земјоделските површини. Во мерката е вклучено и пчеларството.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?