18 Декември, 2025
0.1920

МАЛ ДЕЛ МАКЕДОНЦИ ЖИВЕАТ ПОД КИРИЈА, НА ЗАПАД Е ПОИНАКУ: На што се должат разликите?

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2025 07:32

Добивај вести на Viber

За разлика од европските граѓани, македонските многу поретко практикуваат да живеат под кирија.

Податоците од Пописот во 2021 година, покажуваат дека само 1.2 отсто од семејствата  живеат во изнајмен стан, што е сосема поинаку од сликата во европските држави.

Во 2023 година, 69 oтсто од населението што живее во домаќинства во Европската Унија(ЕУ), поседувало свој дом, додека преостанатите 31 отсто живееле во изнајмени станови. Oва се податоци од Евростат. Од агенциите за недвижен имот велат дека македонските граѓани живеат под кирија само кога е неопходно и немаат друг излез.

„Македонците живеат под кирија ако им е тесно дома, кога студираат или работат во друг град, кога немаат пари да купат свој стан. Живеат под кирија затоа што не можат да си дозволат да купат свое живеалиште, затоа што платите се мали, не можат да земат кредит. Во Скопје имаме повеќе луѓе кои живеат под кирија, за разлика од внатрешноста. Луѓето од помалите места често бараат работа во Скопје, и се сместуваат тука под кирија“, велат од скопска агенција за недвижен имот.

Но, и менталитетот си има свој удел. Граѓаните на плаќањето кирија гледаат како на пари фрлени во ветер, а статистиката покажува и дека младите доцна заминуваат од домот на родителите, живеат во заедници и слично.

„Сега веќе почнува да преовладува мислењето дека парите што ќе ги одвојуваат за кирија, ќе ги даваат за рата за кредит, се ориентираат тоа да го реализираат, да си дозволат свое живеалиште, иако цените се отидени високо. Сите гледаат да имаат свој имот“, велат од агенцијата за недвижности Делта Ин од Битола.

Марита Олсен од Норвешка, која има и македонско потекло, вели дека во нејзината земја, младите се одвојуваат од родителите и живеат под кирија.

Во Норвешка, околу 25 отсто од населението живее под кирија. Тука не е вообичаено да се живее со родителите. Можете да живеете во колектив кога студирате каде што неколку луѓе изнајмуваат заедно. Освен ова, повеќе млади луѓе изнајмуваат отколку што поседуваат имот. Цените на становите се многу високи во Норвешка во однос на платите. Тука всушност може да се исплати да се изнајми наместо да се поседува, со оглед на тоа колку е висока каматната стапка на кредитот. Исто така, тешко е за луѓето кои се сами да можат да купат нешто и да успеат да го отплатат кредитот“, додава Олсен.


Највисоки удели на сопственост на имоти се забележани во Романија (96 отсто), Словачка (94 отсто), Хрватска и Унгарија (и двете 91 отсто). Соседна Бугарија е седма на листата, односно и кај источниот сосед поголем е бројот на оние кои живеат во свои живеалишта, додека живеењето под кирија не е толку популарно. Ако споредиме податоци од 2023 и 2024 година, во повеќето земји расте процентот на оние кои живеат под кирија. Некаде има пораст за 1, а некаде за 4 или 5 проценти.


Во Германија, изнајмувањето е позастапено, односно 52 отсто од населението живее во живеалишта под закуп. Зад Германија, следеа Австрија  со 46 отсто и Данска со 40 отсто. Потоа на листата се Франција, Шведска, Луксембург, Финска, Холандија, Ирска, Грција. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје