Макстил го едуцира младиот стручен кадар на тема безбедност и здравје при работа
Објавено во: Мои пари 29 Март, 2023 13:04
Со стручни предавања и презентации, Макстил започна со спроведување на нов проект за едукација од областа на безбедноста и здравјето при работа во средните стручни училишта во Скопје. Преку пренесување на знаењата и стандардите за безбедност при работа, младите се оспособуваат за безбедносните протоколи пред да бидат дел од работната средина и индустриските процеси каде безбедноста и здравјето на вработените е еден од најважните приоритети.
Иницијативата на Макстил за вложување во едукација на стручниот кадар за БЗР уште од средното образование е со цел да се оспособат идните кадри кои ќе станат дел од индустријата, но и да се подигне свеста за безбедноста и здравјето при работа во пошироки рамки. Макстил, исто така, покрај стипендирањето на средношколците ја отвора и можноста за вработување на дел од овие стручни кадри, кои сакаат да станат составен дел на големото компаниско семејство.

„Во Макстил, како компанија од тешката индустрија, безбедноста и здравјето при работа е најголем приоритет и знаеме колку е важна подготвеноста и знаењето, како пред вклучувањето во самиот работен процес, така и во текот на работата. Во систем голем како Макстил и со ваков, комплексен произведен процес, безбедноста и здравјето при работа не е само индивидуална туку и колективна одговорност. Затоа веруваме дека едукацијата треба да започне уште во текот на стручното образование пред идните технички и стручни профили да станат дел од индустријата“, велат од Макстил.
Како продолжување на вложувањето во едукација на стручниот кадар од средните училишта, Макстил ќе организира и посета на погоните, каде учениците непосредно ќе се запознаат со високите и напредни безбедносни стандарди во компанијата и дека во континуитет работи на подобрувањето на безбедноста на своите вработени, како преку обуки, така и преку бројни инвестиции на полето на безбедноста.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




