Максим Димитриевски: Зошто го правиш ова Оливер?
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2021
Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој е предложен од група избирачи за нов мандат, пред денешниот завршен митинг на СДСМ во овој град го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да не дозволува уништување на урбаната опрема за да се направи бина за настанот.
Димитриевски на својот профил на Фејсбук објави фотографии од уништена урбана опрема, за која тврди дека СДСМ дозволил да се уништи за да се направи бина за настанот.
„Додека ние го градиме градот ти наместо да го штитиш јавниот имот го уриваш, нови клупи, канделабри и урбана опрема на градски плоштад, се уништува јавен имот за да се постави бина.
Оваа никогаш не било вака, зарем Куманово го заслужува оваа? Зошто ваков вандализам, на кого даваш пример? Зошто го правиш оваа Оливер? Срамота!“, реагираше градоначалникот на Куманово.