„МАКПЕТРОЛ“ ОБЈАВИ ВАЖНА ВЕСТ ЗА СВОИТЕ АКЦИОНЕРИ - еве што треба да знаат сопствениците на акции
Објавено во: Економија 19 Јуни, 2024
Нафтената компанија „Макпетрол“, како што и најави, ќе дели дивиденда за своите акционери.
Исплатата стартува сега, а оние акционери кои досега не доставиле податоци за трансакциска сметка или оние кои не ги ажурирале своите податоци, се повикуваат тоа да го сторат што побргу. И оние што не се запишани во УЈП како даночни обврзници, да ги преземат потребните мерки за нивно запишување.
„Се известуваат сите иматели на обични акции дека Друштвото согласно
Одлуката од 28 мај донесена на XXVIII-тото годишно
Собрание на акционери, ќе врши исплата на дивиденда во пари, во бруто-износ од
3.700 денари по акција, со датум на пресек на акционерската книга 18.6.2024 година.
Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциската
сметка, а заради исплата на дивиденда, да ги достават податоците. Се повикуваат акционерите – физички лица да ги ажурираат своите податоци,
вклучувајќи ја и адресата на живеалиштето, во Централниот Депозитар за Хартии од
вредност. Истата ќе се користи за уредна достава на пресметката на данокот на
доход, на кој подлежи исплатата по основ на дивиденда.
Дополнително акционерите - физички лица, кои не се запишани во
евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат соодветни мерки за нивно
запишување согласно процедурите на УЈП“, се вели во објавата од компанијата.