14 Декември, 2025
0.0417

„Макпетрол“: Гласно и позитивно против врсничкото насилство на голем настан во Градски Парк

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2025 16:24

Добивај вести на Viber

Познати музички имиња и програма за сите генерации утре (сабота, 17 мај), ќе биде дел од големиот настан што „Макпетрол“ го организира на „Школка“ во Градскиот Парк во Скопје. Со почеток од 11 часот присутните ќе имаат можност да уживаат во настапите на Боно, Пајак и Лара, Петко, Сашко Коцев, како и децата од актерската школа на Весна Петрушевска. Собирот ќе вклучува и многу други забавни активности за најмладите, како и супер можности за дружење.

Настанот е дел од „Крени глас против врсничко насилство“, општествено одговорната кампања што „Макпетрол“ ја реализира со цел да се зголеми јавната свест за проблемот со булингот. Македонската компанија овозможи низа активности со кои даде придонес за подобрување на ситуацијата, а меѓу тие беа и голем број едукативни работилници. Изминатиов период актуелни беа ваквите средби наменети за родителите, кои беа организирани на 15 локации и опфатија повеќето од 26 општини што се приклучија на кампањата. Во следниот период работилници за родители ќе се одржат во Струга и во Охрид.

Во првата фаза од кампањата, пак, беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Тие се одржаа во 26 општини кои што се приклучија ги поддржаа активностите на „Макпетрол“. Компанијата потпиша меморандуми за соработка со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Берово, Свети Николе, Ново Село, Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец, Илинден и Чучер-Сандево, како и со две основни училишта во Општина Прилеп. Освен работилници, компанијата за секоја општина испечати и достави едукативни прирачници за булинг кои учениците можат да ги споделат и со своите родители.

Интернет-страницата kreniglas.mk е носечки сегмент на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. Оваа платформа има за цел да пренесе знаења на сите што можат да придонесат во изнаоѓањето пристапи и решенија на проблемот со булингот, а тоа се децата, родителите и наставниците. Освен тоа, жртвите, но и сите кои на каков било начин се соочиле со врсничко насилство, можат анонимно да ја споделат личната приказна. Или, пак, преку интерактивен квиз да откријат какви познавања имаат на темата.

Општествената одговорност е меѓу примарните стратешки цели во кои што, низ годините, „Макпетрол“ вложува на најразлични начини. Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ компанијата придонесува да се зголеми јавниот интерес за проблемот со булингот. Значајно место меѓу општествено одговорните активности на „Макпетрол“ во следниот период и понатаму ќе бидат младите генерации.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија