05 Мај, 2024
0.0259

Маките на Словенија

Објавено во: Анализа 10 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Словенија до скоро време беше пример за тоа како може една мала земја да биде лидер на цел регион по развојот. Воедно тоа беше земјата која беше пример на сите држави од бивша Југославија. Сите ги знаеме приказните околу тоа како луѓето во оваа мала земја излегоа најсилни од поранешнета земја и најдобро се снајдоа од сите.

До скоро време, па и денеска Словенија имаше релативно низок јавен долг. Но, како што веќе секој знае, овој мал гигант е црна точка во Европа. Како и на Кипар и овде кризата не се случи преку ноќ. Интересно еден од главните проблеми за Словенија денеска е тоа што немаше приватизација на начин како што имавме ние. Голем дел од фирмите имаат поврзани сопственици, едни во други. Големите гиганти имаат акции едни кај други и се врзани во една спирала која досега фукционираше многу добро. Кога некој од пирамидата имаше проблеми ќе земеше кредит од НЛБ, како залог ќе ги дадеше акциите од некоја друга фирма и така натаму до бескрак. А најголем дел од кредитите ги даваше главната банка во Словенија, која со текот на времето се наполни со токсични активи кои може да ги собере само државата. Епа, токму поради тоа јавниот долг веќе не е релеватнен. Кога Словенија ќе добие помош да ги спасува банките јавниот долг рапидно ќе порасне и поради тоа, пазарите веќе немаат доверба во оваа земја и за нови обрвзници мора да плати 7% камата, доколку оди на слободен пазар. Според ММФ се претпоставува дека Словенија оваа година ќе мора да позајми 3 милијарди евра за да ги врати каматите, за нови трошење и секако за спас на банките. Само овие три милијарди евра ќе го зголемат јавниот долг најмалку 10%. Сепак можеби единствена светла точка е дека Словенија има супер интересни активи за кои сега сите чекаат поволни цени. Најголем бисер е секако Меркатор, но има уште еден куп добри компании кои без дилема ќе ги сменат сопствениците. За жал или среќа ниту оваа мала земја нема да одолее на глобализацијата. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад