Добивај вести на Viber
Вкупно 80.000 шишиња од виното “Вранец Sepcial Selection 2011”, од винарската визба “Тиквеш”, ќе се извезат на данскиот пазар. Првите количества се веќе испорачани во 48-те специјализирани продавници на увозникот “Хансен” и во неколку ресторани во Данска.
-Ова е одлична вест за заокружување на годината што изминува. Пробивот на новите пазари е дефинитивна потврда за високиот квалитет на нашите вина, но и дополнителан обврска за сите кои се вклучени во синџирот на производство, да го одржат и да вложуваат во тој висок квалитет, изјави генералниот директор на винарската визба Тиквеш, Игор Илиевски
Од Тиквеш велат најновиот извоз во Данска е прв позначаен пробив на едно македонско вино на скандинавските пазари, особено што вранецот на Тиквеш од серијата Sepcial Selection 2011, од страна на увозникот е прогласен за вино на годината и е позициониран на винските листи заедно со некои од најпознатите вина од Франција, Италија, Португалија, Австралија и САД. Според последните податоци извозот на оваа винарска визба годинава е пораснат за околу 30 отсто.