29 Април, 2024
0.0302

Македонското млеко нема афлатоксин, листата на странските млека проширена

Објавено во: Агробизнис 24 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Од испитаните 20-тина  мостри од млеката на македонските млекарници, во ниту едно не е утврдено зголемено присуство на афлатоксинот М1. Ова го покажале резултатите од проведените контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство кај 90 отсто од млеката кои се наоѓаат на рафтовите во маркетите. Во текот на контролите мостри се земале од речиси сите македонски млекарници, како Здравје Радово, Бучeн Козјак, Идеал шипка, Битолска неколку струмички млекарници, и според податоците од агенцијата, млекатата се безбедни за употреба односно немаат зголемено присуство на канцерогениот токсин.

- Земени се 9 мостри од 9 различни региони во државата, од различни откупни пунктови - Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Куманово. Во ниту еден случај немаме надминување на масимално дозволената граница прошишана во Правилникот за присуство на афлатоксин М1 од 0,05 микрограми, рече директорот на Агенцијата за храна Рунтевски.

Тој напомена дека во петокот е донесена и измена на наредбата за ветеринрано јавно здравство со која, како што рече, за осигурување и понатаму за продолжување на оваа тенденција на присуство на безбедно млеко, сите млекарници во Македонија се задолжени пред пуштањето во промет на млекото да имаат обезбедено доказ дека млекото не содржи афлатоксини над дозволената граница. Им е дадена опција дали млекото да се испитува во моментот на откупот, пред да влезе во процесот на производство или откако ќе заврши производството, а пред неговиот пласман на пазарот.

- Со тоа и со донесената мерка уште пред 10-тина дена за задолжително лабораториско испитување на присуство на афлатоксин на секоја увезена пратка на млеко и млечни производи кои влегуваат во Македонија, сметаме дека се воспоставени сите контролни механизми кои ќе гарантираат дека граѓаните на Македонија конзумираат безбедно млеко и млечни производи, рече Рунтевски.

Еве ја листата на испитани млека од македонските млекарници, со различни временски рокови и серии, кои се безбедни.
Битолско млеко 2,8 Битолско млеко 2,8 Битолско млеко 3,2 Битолско млеко 3,2 Битолска млеко 3,2 Алпи- Тетово 3,2 Алпи- Тетово 3,2 Алпи- Тетово 3,2 Здравје Радово 3,2 Здравје Радово 3,2 Здравје Радово 3,2 Здравје Радово 1,5 Здравје Радово 1,5
Здравје Радово 1,5
Здравје Радово 3,2 
Сирење здравје Радово Кисело млеко здравје Радово Кисело млеко Јоко Струмица Јогурт Јоко Струмица 3,2
  Во меѓувреме се чекаат резултатите од уште 15 –тина мостри од помалите домашни млекарници. Од Агенцијата велат дека се засилни мониторинг контролите на домашното сурово млеко. Досега се земени мостри од сурово млеко од 10 региони во земјава и во ниту една не е пронајдено зголемено присуство на афлатоксинот М1. Дополнително поради овие случувања, од Агенцијата соошпштуваат дека направени се измени во делот на обврските на млекарниците, според кој секоја млекараница има должност задолжително пред да го пуштат млекото во промет, да направат лабораториски анализи за присуство на афлатоксин. Еве ја листата на земени мостри од домашното сурово млеко.
Сурово млеко од Скопје Сурово млеко од Скопје Сурово млеко Секирани Сурово млеко Новаци,
Сурово млеко Битола Сурово мелко Лера Сурово млеко Прилеп
Сурово млеко Прилеп
Сурово млеко Куманово Сурово млеко Охрид- Струга
  Сите анализи на земените мостри за евентуално присуство на афлатоксинот М1 се напарвени во лабораторијата на Институтот за ветеринарна медицина.Од друга страна проширена е листата на странски млека со зголемено присуство на афалтоксинот М1. Агенцијата утврдила зголемена концентрација на токсинот во дел од млеката на Виндија, позитивни биле резултатите и од млекото Моја кравица“ 2,8%MM“, со рок на траење до 14 август 2013.4EN 10 на Имлек Белград, во дел од млeката на компанијата Маестро Ниш како и кај  некои пратки од Алпското млеко. Од Агенцијата велат дека овие спорни млека не се пуштени во промет, се наоѓаат во магацините на увозникот, и ќе бидат уништени. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?