05 Декември, 2025
0.1046

Македонскиот војник заболен од коронавирус во Африка е потполковник кој служел во Централноафриканската Република

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2021 12:05

Добивај вести на Viber

Македонскиот војник заболен од коронавирус во Африка е потполковник кој служел во рамките на  Европската мисија во Централноафриканската Република и вечерва треба да пристигне под посебна евакуација во Скопје, потврди Радмила Шекеринска, министерката за одбрана.

- Еден од нашите припадници, потполковник на армијата, кој учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, минатата недела беше тестиран како позитивен на корона-вирусот и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во ЕУ-мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома во Скопје, претпоставувам доцна вечерта, рече Шекеринска.

Таа додаде дека оваа медицинска евакуација е направена во соработка со европските служби за надворешни односи  Засега нема потврда дали се работи за африканскиот сој, кој е еден од најразорните видови коронавируси досега.

Претходно министерот за здравство Венко Филипче рече дека пациентот е во тешка состојба и кога ќе пристигне со посебен транспорт од Африка, се очекува да биде сместен на Клиниката за инфективни болести.

– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, рече Филипче.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија