Македонскиот синџир маркети СТОКОМАК, препознатлив по ниските цени, официјално почна и го отвори првиот маркет во Република Србија
Објавено во: Мои пари 23 Април, 2025 12:21
Стокомак официјално започна со работа на српскиот пазар. Од денес српскот пазар е побогат со висококвалитетни производи по ниски цени.
На самиот почеток на отворањето на маркетот, беше забележана голема посетеност од граѓаните на Пирот, кои го посетија продажниот објект за да бидат меѓу првите кои ќе пазаруваат во Стокомак. Купувачите веќе се запознаени со брендот Стокомак, благодарение на нивните претходни посети на маркетите во Куманово, каде што често пазареле висококвалитетни производи по супер ниски цени.
Купувачите беа дочекани од љубезниот тим на вработени, а по повод отворањето, достапна е тридневна понуда со супер попусти и промоции.
Интересот за новиот маркет дополнително беше забележан од српските медиуми, кои известуваа за отворањето на новиот маркет во Србија.

„Среќни сме што денес го отворивме нашиот прв маркет во Пирот и официјално започнуваме со нашето присуство на српскиот пазар, што за нас како компанија претставува значаен чекор во нашето работење.
Не очекувавме толку голем интерес од страна жителите на Пирот и сме пријатно изненадени што купувачите не препознаа.
Со ова отворање, не само што внесуваме нова енергија на српскиот пазар, туку и го збогатуваме изборот на понуди за потрошувачите во Пирот. Веруваме дека граѓаните ќе ја препознаат нашата вредност што ќе им ја нудиме секојдневно со висококвалитетни производи по пристапни супер цени.
Дополнително, со нашето присуство во Србија се зголемува и конкурентноста на пазарот, што е во е во корист на потрошувачите.“ - посочуваат од компанијата.
Овој чекор претставува почеток на поширока стратегија за проширување на брендот, кој веќе е еден од лидерите во малопродажбата во Македонија.
ПР текстМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




