14 Декември, 2025
0.0408

Македонскиот јазик како инспирација за современото создавање и живеење

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2023 14:04

Добивај вести на Viber

Изложбата на визуелен приказ на македонски зборови „Јазична меморија“  на уметницата Сташа Божиновска беше отворена во КЦ Магаза во Битола.

Македонскиот јазик и писмо се инспирација за уметницата која размислува и делува во насока на создавање на меморија на истите преку дизајнирање на модни додатоци. Овој концепт започнува со дизајни инспирирани од зборовите ЗАЛЕЗ, БАКНЕЖ, ВЕДА, ЏАГОР, АБЕР, ПРЕОБРАЗБА и Ѕуница.

„Јазична меморија е  споменар исполнет со македонски зборови кои ги користат нашите баби и дедовци, додека, ние, младите покажуваме колку сме „интересни и модерни“ со користењето на сленгови и странцизми. Време е да започнеме редовно да се потсетуваме на убавината на нашиот јазик и нека тоа време започне токму со Јазична меморија, споменарот кој ќе биде мост на кој ќе се пренеси богатството на нашиот јазик од нашите предци, до нас и идните генерации.

Јас сум дизајнер и создавам модни додатоци инспирирани од македонски зборови. Мојата цел е да ве инспирирам и Вас да ја разбудите вашата креативност и гордо да го користите нашиот јазик. - изјава од уметницата.

Концептот „Јазична меморија“ е прв чекор до реализирањето на посакуваната цел на уметницата, која освен вклучување на други зборови, подразбира и оживување на визуелните 3Д модели кои понатаму ќе бидат изработени во вистински накит.

Проектот Јзична меморија се реализира во рамките на манифестацијата Цртај на македонски јазик 2023, поддржана од Министерство за култура на РСМ.  

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија