07 Јуни, 2020
0.0220

Македонскиот цар на металот тргува со лим за профит од 350.000 евра

Објавено во: Економија, Анализа 13 Февруари, 2020

Стотина друштва тргуваат на големо со метал и метални руди, а четири од нив оствариле профит еднаков или поголем од 100.000 евра. Три скопски друштва и едно од Тетово. Интересно е што најмалиот меѓу нив од аспект на приход е најуспешен зашто остварил најголема добивка во апсолутен износ, а воедно и како учество во приходот

Трговијата со метали и метални руди е специфичен бизнис со кој во Македонија се занимаваат стотина фирми. Навистина голема понуда и веројатно жестока конкуренција. Меѓутоа само четири од нив се издвојуваат по тоа што имале умешност и претприемачки вештини да остварат профит што изнесува или надминува 100.000 евра. Нивниот приход кумулативно достигнал 21 милиони евра во 2018 година покажуваат официјални податоци од завршните сметки на друштвата достапни во базата на Централниот регистар на Македонија.

Кои се тие?

Убедливо најголем на пазарот , во оваа конкуренција на фирми со профит од најмалку 100.000 евра, е тетовската компанија „Стил Железо“ сопственост на Енес Бакиу кој за 2018 година го носи епитетот крал на трговија на големо со метал и метални руди. Оваа фирма остварила приход од 13,8 милиони евра во 2018 година, а нејзината добивка изнесува 159.000 евра. Профитот е само 1,15 отсто од приходите и од тој сооднос се заклучува дека овој бизнис е многу работа за малку ќар. Оваа компанија е сопственик на тетовската фирма „РРОНИ СТЕЕЛ“ регистрирана за истата дејност која во истиот период од приход во износ од 600.000 евра остварила добивка од 28.600 евра.

Најголем конкурент на тетовската фирма од аспект на остварените приходи е сопственикот на Рудници „Саса“ – скопската компанија ЦМК Европа. Таа има најголеми приход во 2018 година година од сите компании регистрирани за дејноста трговија на големо со метали и метална руда, и тој надминува 14 милиони евра, но годината ја завршила со загуба од 770.000 евра.

Втора компанија која го задоволува зададениот критериум е скопското трговско друштво Фарекс сопственост на Ана Трифунова и на Мирослав Милевски. Оваа компанија во 2018 година остварила приход од 3,4 милиони евра и добивка од 150.000 евра што значи дека работела многу поуспешно од тетовската компанија „Стил Железо“.

Трета на листата е скопската фирма „Алумил“ која е специјализирана за трговија со алуминиум. Ова друштво е во сопственост на компанијата „Алумил индустрија за алуминиум“. Во 2018 година „Алумил“ остварил приход од 2,4 милиони евра и добивка од 135.000 евра. И тој параметар го прави компанија со поголем профит од двете со поголем приход кои беа наведени погоре.

Следи најмалиот, но најпрофитабилиот во групата најуспешни големотрговски компании за метал и метални руди. Станува збор за скопската фирма „Мај Комерц Леар“. Таа има најуспешен сооднос на остварени приходи и реализирана добивка во споредба со другите три компании кои имаат поголеми приходи. Во 2018 година „Мај Комерц Леар“ остварил приход од 1,3 милиони евра и неговата добивка изнесува 348.000 евра. Значи дека неговата добивка изнесува 27 отсто од остварениот приход и тоа е најдобар резултат. „Мај Комерц Леар“ во споредба со другите фирми на оваа листа е специјалист за тендери, а негов голем клиент во периодот од почеток на 2018 година до сега е најголемиот производител на струја ЕСМ поранешно ЕЛЕМ. Во таа година „Мај Комерц Леар“ добил договор од најголемата државна компанија за производство на струја на износ од 478.000 евра за набавка на челични лимови за потребите на РЕК Битола. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ПАДНАЛА НА НАЈНИСКО НИВО - коронакризата ќе го прекине трендот

НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ПАДНАЛА НА НАЈНИСКО НИВО - коронакризата ќе го прекине трендот

ОД КУМАНОВО ДО ГЕВГЕЛИЈА, ОД ДЕБАР ДО БЕРОВО: Ширум Македонија скокна бројот на невработени

ОД КУМАНОВО ДО ГЕВГЕЛИЈА, ОД ДЕБАР ДО БЕРОВО: Ширум Македонија скокна бројот на невработени

Загрозени 40.000 работни места во Македонија

Загрозени 40.000 работни места во Македонија

НАЈСЛАБ РАСТ ОД 2009: Aвстралија влезе во рецесија

НАЈСЛАБ РАСТ ОД 2009: Aвстралија влезе во рецесија

СТАТИСТИКА: Во Македонија невработеноста е 16.2 отсто

СТАТИСТИКА: Во Македонија невработеноста е 16.2 отсто

Kaко Меркел ќе ја спаси Германија од корона кризата?

Kaко Меркел ќе ја спаси Германија од корона кризата?

ПАНДЕМИЈАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Затворени вратите за работа во Германија и Австрија

ПАНДЕМИЈАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Затворени вратите за работа во Германија и Австрија

НИЗ СКОПСКИТЕ МАРКЕТИ СНЕМА ЛЕБ - сите пазарат за карантинскиот викенд

НИЗ СКОПСКИТЕ МАРКЕТИ СНЕМА ЛЕБ - сите пазарат за карантинскиот викенд

НАЈГОЛЕМ ПАД ПО 1999: Европјаните помалку трошеле во април

НАЈГОЛЕМ ПАД ПО 1999: Европјаните помалку трошеле во април