29 Април, 2024
0.0275

Македонски Телеком со извонредни понуди во месецот на вљубените

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

  • Супер пар пакет со 2 припејд СИМ картички за бесплатни меѓусебни разговори
  • Подарок селфи стик за сите нови и постојни корисници коишто ќе склучат Договор за Доверба на Play Comfort тарифата
  • Во тек е натпревар за љубовно селфи, а фотографијата со најмногу лајкови ќе биде наградена со еден пар Sony Xperia М4 Aqua смартфони
  • Голем и ексклузивен попуст на 6 типа на смартфони нарачани онлајн на 13 и 14 февруари

Македонски Телеком во месецот кога се одбележува љубовта, подготви  извонредни понуди за своите корисници. Новата припејд понуда наречена Супер пар пакет е совршен подарок за сите лудо вљубени. Корисниците за само 295 денари го добиваат Супер пар пакетот со 2 припејд СИМ картички коишто имаат можност да зборуваат меѓу себе бесплатно до крајот на годината. Дополнително, секоја СИМ картичка е со по 147,5 денари вклучени за разговори, интернет, ЅМЅ или активирање пакети.

Во месецот на вљубените, освен за припејд корисниците, Македонски Телеком подготви изненадување и за постпјед корисниците. Па така, сите нови и постојни корисници коишто ќе ја одберат Play Comfort тарифата и ќе склучат Договор за Доверба, ќе добијат подарок селфи стик, одлична корисна алатка за многу незаборавни фотографии од заљубените парови. Оваа промоција за корисниците трае до 14 февруари.

Македонски Телеком продолжува со изненадувањата во февруари за своите корисници. Во тек е натпревар за љубовно селфи. Сè што треба да направат корисниците за да учествуваат во натпреварот е да постават своја селфи фотографија на Инстаграм со хаштаг „засителудовљубени” или на Фејсбук апликацијата на Телеком и да собираат лајкови. Фотографијата со најмногу лајкови ќе биде наградена со еден пар од одличните Sony Xperia М4 Aqua смартфони.

Дополнително, Македонски Телеком на корисниците на Play Comfort тарифата им овозможува голем и ексклузивен попуст на 6 модели на смартфони коишто ќе ги нарачаат онлајн. Попустот ќе важи за онлајн нарачките направени на 13 и 14 февруари.

Повеќе информации за празничните понуди на Македонски Телеком корисниците можат да добијат на веб страницата www.telekom.mk, на телефонскиот број 122 или во најблиската Телеком продавница.

Можеби ќе ве интересира

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид