Македонски стартап тимови на српскиот „Универзум“ - Компанијата „Mozzart“ Србија го почнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2025 14:32
Универзумот продолжува да се шири!Компанијата Mozzart – Србија официјално го започна четвртиот последователен циклус на програмата за поддршка на стартап заедницата – Универзум, а пријавувањето е отворено до 11 мајна следниот линк.
Програмата е наменета за тимови чии производи се во завршна фаза на подготовка за излез на пазарот, но им недостига поддршка за првите чекори кон пазарот.
Стартапот што ќе победи ќе добие вредна парична награда од 20.000 евра, додека второ- и треторангираните тимови ќе добијат по 5.000 евра.
Оваа година освен во Србија, Универзум се шири и во регионот, па вратите на стартап заедницата на Mozzart се отворени и за тимови од Хрватска, Република Српска, Федерацијата БиХ, Црна Гора и Македонија.
Избраните стартапи за време на програмата ќе имаат пристап до:
- Специјализирани и прилагодени едукации
- Работа со посветени ментори
- Бесплатно користење на coworking простор
- Разни активности и настани за поврзување со алумни членови, експерти и дел од стартап екосистемот.
Универзум ќе ги води тимовите низ процесот до лансирање на производот, собирање повратни информации од пазарот и стекнување на првите корисници. Средината на октомври е резервирана за Demo Day, каде што тимовите ќе ги претстават своите идеи пред стручно жири.
Досега, преку Универзум поминале 23 тима, кои продолжуваат да ги развиваат своите иновативни решенија. Од „Tinder за вработување“ во ИТ индустријата и платформи за соларна енергија, до решенија за оптимизација на веб-страници, дигитализација на градинки, инвестиции во земјоделство, online купување, поврзување брендови со инфлуенсери и гејминг платформи – бројни иновативни идеи оживеале во рамки на Универзум.
Проектот се реализира со поддршка и покровителство на Министерството за наука, технолошки развој и иновации на Република Србија, во рамките на Програмата за промоција и популаризација на иновациската дејност. Ова е втора година по ред како Министерството го поддржува Универзум, што потврдува колку е значаен и кредибилен овој програм на национално ниво. Во соработка со ICT Hub, веќе трета година по ред Универзум се потврдува како единствен и релевантен програм за стартапи во оваа фаза на развој.
Можеби ќе ве интересира
„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЈА ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИЈАТА: 200 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА МЕЛАНОМОТ

ЕЛЕНА ЛУКА со својот гламур и раскош повторно го освои Виенскиот бал

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ПАК НА ПИЕДЕСТАЛ, ТРЕТО МЕСТО НА РАМПА ДА ФАЛПЕРА

Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент

„Макпетрол“и„Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Ивановски и Поп Арсова – победници на 9.издание на HalkEco Скопје Трча 10 км

Моја Кравица – верен сојузник на детската трка „Охрид трчаТ“ и детската енергија

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025
