Македонски фармацевтски великан оди во стечај
Објавено во: Економија 03 Јули, 2018
Основниот суд 2 во Скопје веќе еднаш отвори стечајна постапка во почетокот на 2015 година, но неколку месеци подоцна стечајот беше прекинат и беше прифатен Планот за реорганизација на компанијата.
Во март годинава дел од сегашните и поранешни вработени од фармацевтска компанија ,,Јака 80’’ излегоа на протест пред затворените погони во Радовиш и си ги побараа заостантите плати и отпремнини од Јовица Стефановиќ – Нини, за кого тврдеа дека уште е газда.
Освен за заостанатите плати за минатата година, пред затворената фабрика во Радовиш протестираа и за неисплатените плати и отпремнини за периодот до 2010, кога производството на лекови и козметика од Радовиш се пресели во Скопје.