05 Декември, 2025
0.0580

Македонска златна лига! Кои се најпрофитабилните компании?

Објавено во: Економија 13 Јули, 2021 07:21

Добивај вести на Viber

Рударство, електро-енергетика, челичарници, телекомуникации, фармација, производство на автомобилски компоненти, производство на пијалоци, тровски ланец, специјалист за хостинг... Ова се дејностите во кои 17 компании лани во вонредните услови кои ги дефинира корона кризата успеале да создадат поголеми од 10 милиони евра ... Кои беа членови на златната лига?

Седумнаесет македонски компании лани оствариле профити кои се поголеми од десет милиони евра. Меѓу нив осум се целосно или доминантно извозно ориентирани компании, а другите девет друштва се целосно или доминантно ориентирани надомашниот пазар меѓу кои една фирма е државен монопол. На листата на најбогати компании за 2020 година има девет производители и шест даватели на услуги.

Во годината на короната најуспешни (според остварениот профит н.з.) беа „Бучим“ и „Саса“ двете најголеми рударски компании, две челичарници Либерти Скопје и ИГМ Трејд Кавадарци, македонската фармацевтска гордост Алкалоид, најголемата пиварница во земјава Пивара Скопје, единствената домашна цементарница и најголемата гринфилд инвестиција во Македонија на сите времиња Џонсон Мети која воедно е и убедливо најголема компанија од аспект на остварениот приход. Освен нив во групата најуспешни се и двата телекомуникациски оператори Македонски Телеком  и А1 Македонија кои бележат раст на добивките што укажува на тоа дека пазарот има потенцијал и длабочина. Во сегментот на електроенергетиката меѓу напрофитабилните има две компании. Една е најголемиот приватен производител на струја и топлинска енергија ТЕТО Скопје, а другата е холдингот што управува , меѓу другите енергетски дејности, и со најголемиот оператор за дистрибуција на електрична енергија – ЕВН Македонија.

На листата на најбогати друштва за 2020 година успеа да влезе и една дигитална компанија Супорт Солушнс која работи обработка на податоци и хостинг, а пријатно изненадување е тоа што има компанија која покажа дека и од ланец супермаркети тоа е Веропулос.

Куриозитет е тоа што најпрофитабилно меѓу најдобитните е друштво со јавни овластувања (природен монопол) кое управува со државните патишта - Јавното претпријатие за државни патишта или Ј.П.Д.П. Добивките на ова јавно претпријатие во значајна мерка во последниве години „ги билдаат“ кредитните аранжмани за изградба на автопатиштата во земјава.

На листата се уште „Камени мост комуникации“ и „ЦМК Европа“ – првата е друштвото доминантен сопственик на Македонски Телеком, а второто е целосен сопственик на рудникот „Саса“.

Р.Ф.

foto freepik

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата