03 Мај, 2024
0.0273

Македонска берза со јавна опомена до повеќе акционерски друштва

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонска берза упати јавна опомена до повеќе акционерски друштва кои не ги испочитувале правилата за навремено информирање и недоставиле финансиски извештаи, образложенија, ниту пак ги објавиле во предвидениот рок одлуките на нивните собранија. 

На седницата одржана на 30.10.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва:

·РЖ Интер-трансшпед АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје, заради ненавремено објавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 и образложението кон истите;

· Благој Туфанов АД Радовиш, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, заради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2016, необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2017 и необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 година;
· Јака 80 АД Радовиш, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, заради ненавремено објавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2015, ненавремено објавување неревидираните финансиски извештаи за периодот за периодот 01.01.-31.12.2015 година и необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 година;
· Велес табак АД Велес, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, заради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2016, необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2017 и необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 година;
· Агроплод АД Ресен, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување, соопштија од Македонска берза.

За непочитување на овие правила може да следи и соодветна сузпензија од тргување на акциите на наведените акционерски друштва.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа